Бpуka нeвидeна – македонскитe Бугapи му пишаа на Радев: Бараат вeтo и нeoтстапување од ставовите да станат дел од Уставот

t

Организациите на македонските Бугари во писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, и партиите застапени во собранието бараат Бугарија да ја зачува својата јасна и категорична позиција во однос на почетокот на преговорите за влез во ЕУ на Македонија.

Македонските Бугари од организациите „КЦ Иван Михајлов“-Битола, здружение „Трибуна“- Прилеп, МБП-Скопје, „Коридор 8“-Скопје, „Интеракција“-Охрид, „Единство“-Кочани и партијата Граѓанско демократска унија апелираат да не се прават отстапки по прашањето за нивната рамноправност во Република Македонија, што, според нив, не може да биде предмет на преговори и постапката за промена на Уставот, со цел Бугарите да бидат рамноправни со сите други делови од народи да започне веднаш.

Во пресрет на 30-годишнината од првото признавање на независна Република Македонија од страна на Бугарија, македонските Бугари се надеваат дека политичарите и општествата од двете страни на границата ќе најдат мудрост заеднички да го продолжат својот европски пат.

Во обраќањето меѓу другото се вели:

Ние, македонските Бугари, сакаме целосно и рамноправно да работиме за својата држава, за нејзиниот економски, политички и општествен развој, а не како граѓани од „втора категорија“. Тоа може да се оствари единствено и само ако добиеме уставни гаранции за нашата рамноправност со останатите делови од народи, како што се впишани во Уставот на РС Македонија. Ние не сакаме ништо друго, освен рамноправност. Сакаме како сите останати делови од народи во РС Македонија да се радуваме на својот јазик, традиции, историја, споменици и се останато што е поврзано со нашиот идентитет.

Свикувањето на новото Народно собрание и изборот на новата бугарска влада ни даваат надеж дека овие наши интереси ќе бидат решително заштитени од Вас како државни и политички лидери на Бугарија, имајќи предвид дека над 120.000 од нас се и државјани на Р. Бугарија врз база на докажано бугарско потекло, а други десетици илјади се во процедура за добивање на бугарско државјанство. Од Вас очекуваме до сега манифестираната аргументирана и јасна позиција на Бугарија цврсто и категорично да продолжи и натаму да опстојува.

Апелираме до Вас-не правете никакви отстапки околу прашањето за нашата рамноправност. Тоа не може и не треба да биде предмет на преговори, а гаранциите за него не можат да бидат празно ветување за неодредена иднина. Уставната процедура за впишувањето на македонските Бугари треба да започне сега и веднаш. Бугарите треба да бидат изрично и рамноправно споменати со останатите делови од народи во Уставот на РС Македонија.

Ние не можеме да прифатиме дека додавањето на Бугарите, покрај сите останати народи и делови од народи, како што сега се наброени во Уставот, може да биде проблем за кого и да било во нашата држава. Спротивното би значело продолжување на децениската политика и пракса на дискриминација кон нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како на филм: Оперативно-тактичка вежба на…

Денеска, во Охрид се одржа демонстрација на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Стојков: Вештачки е десеткуван бројот на Македонци…

За време на последниот попис на населението…

Бугарија размислува да купи “Бајрактари”

Бугарија ги проучува можноста за купување турски…