Вака ќе зголемувате наталитет? Доцни исплатата на надоместокот за породилно отсуство – Од Фондот велат дека е нормално

t

Десетици пораки деновиве пристигнаа до редакцијата на Инфомакс во врска со доцнењето со исплатата на надоместокот за породилно отсуство.

Во пораките кои ги добивме граѓаните велат дека секој месец се доцни со исплата, дека никој во Фондот за здравствено осигурување не одговара на нивните прашања и повици.

Од Фондот за Инфомакс велат дека исплатите се реализираат помеѓу десетти и дваесетти секој месец, односно не се работи за задоцнување туку за нормална процедура.

– Исплатата на породилните надоместоци не е еднократен, туку континуиран процес кој трае во текот на целиот месец. Пресметките ги изготвуваат Подрачните служби на Фондот, врз основа на податоците доставени од работодавачите. По нивната обработка, пресметките се доставуваат на исплата.

Најголемиот дел од исплатите се реализираат во периодот од 10-ти до 20-ти во месецот, но одреден број исплати се извршуваат и до самиот крај на месецот.

За месец октомври 2025 година досега се обработени 6.268 предмети на породилно отсуство, во вкупен износ од 340 милиони денари.
За споредба, во септември 2025 година биле обработени 7.319  предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари, што укажува дека дел од пресметките за октомври се уште се во обработка и исплата. – стои во одговорот кој го добивме од Фондот.

Согласно Законот за работни односи, работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, отсуство за нега и заштита на дете има право на надоместок на плата.

Средствата за надоместокот за породилно отсуство се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Според Законот за здравствено осигурување, основица за пресметување на надоместокот на плата претставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Висината на
надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Надоместокот за отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство се исплатува од првиот ден на привремената спреченост за работа од средствата на Буџетот на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Предложениот буџет е потрошувачки, 90 отсто…

Констатацијата е дека ова е потрошувачки буџет,…

Филипче: Македонија е на дното во регионот…

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко…

Нема напредок во клучните економски реформи, влошена…

Во однос на економијата Европската комисија има…

EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…

Кандидатите за членки на ЕУ ​​ќе мора…

Земјите што чекаат да се приклучат кон…