Вархеи: Проширувањето на ЕУ гаранција на мирот и стабилноста на Западен Балкан
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратешки приоритет за ЕУ.
„Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно“, напиша Вархеи на својот твитер-профил.
Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, присуствува на денешниот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес го стресе Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
Уругвајскиот фудбалер Матијас Акуна пронајден мртов во…
Уругвајскиот фудбалер Матијас Акуна (32) е пронајден…
Фон дер Лаен објави карта на Европа…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Монструмот од Цетиње го ранил таткото на…
Сосетката на убиените момчиња од Цетиње, Јован…
(Видео) Српските студенти со видео-порака до властите…
Студентските блокади се шират низ Србија по…