Објавено на:

Вархеи: Подготвени сме побрзо да го интегрираме Балканот

t

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеи изјави дека Брисел е подготвен да го забрза интегративниот процес на балканскиот регион.

-По Самитот во Тирана 2022 година, лидерите на Западен Балкан и ЕУ се среќаваат во Брисел. Како Европска комисија – подготвени сме да го забрземе процесот и побрзо да ги интегрираме шесте земји од Западен Балкан. Тие се веќе дел од семејството на ЕУ, објави Вархеи на „Твитер“.

Лидерите на ЕУ и балканските земји денеска ќе се сретнат во Брисел, соопштија од Европскиот совет.

Самитот ќе биде можност да се потврди европската перспектива на Балканот, како и потребата од одржливи и неповратни достигнувања на полето на реформите засновани на вредностите и принципите на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Одземен му е пасошот – Истрага за…

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за…

(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!

Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…