Објавено на:

Васил Стерјовски се сретна со Македонците во Србијa – Положено цвеќе на бистата на „Гоце Делчев“

t

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, престојува во Србија, каде се сретна со претставници на Македонците.

„Имав чест да ги посетам Панчево и Јабука, каде што се сретнав со претставниците на Националниот совет на Македонците во Република Србија и со Демократската партија на Македонците. На овие средби имав можност да се запознам со положбата и правата на нашите Македонци во Србија и со предизвиците со кои се соочуваат“, информираше Стерјовски.

Додава дека разговарале за можностите за соработка.

Во име на Македонците од Албанија, положил свежо цвеќе  на бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето “Гоце Делчев” во Јабука. Тој се заблагодари за топлиот пречек. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…

Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…