Велика Британија ги ykинува koвид-ceртификатите, носењето маски и работа од дома

t

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека во Британија се укинуваат ковид-сертфикатите, обврската за носење маски и работа од дома.

Сите ограничувања предвидени со т.н. план Б, вклучително и носењето маски, престануваат на 26 јануари, а задолжителната самоизолација за луѓето со Ковид-19 на 24 март.

Борис Џонсон најави крај на сите мерки за воведени за борба против сојот омикрон од следната недела, вклучително и задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците, работата од дома и вакциналните сертификати.

Од утре повеќе нема да бараме маски во училниците, а Министерството за образование наскоро ќе ги укине националните упатства за нивна употреба во заедничките простории.

Низ целата земја, ќе продолжиме да предлагаме употреба на маски за лице во затворени простории или во преполни простори, особено кога ќе стапите во контакт со луѓе што вообичаено не ги среќавате, но ќе ѝ веруваме на проценката на Британците и повеќе нема да го криминализираме секој што ќе избере да не ги носи, изјави Џонсон.

Брзата промена на стратегијата беше протолкувана како обид на Џонсон да ги смири конзервативните пратеници кои бараат одговорност за извештаите за партиите кои го прекршиле карантинот организирајќи забави, пренесува Гардијан.

Од друга страна, некои службеници од јавното здравство се загрижени дека укинувањето на сите ограничувања во овој момент би можело да биде прерано, особено на северот на Англија, каде се уште има многу заразени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…

ОН алармираат поради детската сиромаштија во Велика…

Организацијата ја рангираше Британија на 37 место…

Русија „хакирала“ британски политичари и новинари

Москва ги отфрли сличните обвинувања како „неосновани“…