Величковски: Држава која не гарантира безбедност и владеење на правото за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите
Остра реакција испрати лидерот на Нова Република, Ивон Величковски, по кршењето на стакло на Бугарската амбасада во Скопје.
– Држава која не гарантира безбедност и владеење на правото за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите. И обратно.
Како партија посветена на слободата, редот и просперитетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ, нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го сметаме за срам за нас – земјата-домаќин – нагласуваат во нивната реакција.
Потоа прашува за безбедноста на амбасадата, но и потсетува на нападот врз амбасадата на САД во 1999 година.
– Министерството за внатрешни работи да одговори на следните прашања:
– Зошто МВР нема извести за настанот, туку за него дознавме од пренесени информации од Бугарската телеграфска агенција?
– Секоја амбасада во Скопје е физички обезбедена од МВР. Во случајов, каква била и имало ли воопшто реакција на полициското обезбедување?
– Спроти амбасадата има камери од системот “Безбеден град”. Дали тие се во функција на истрагата?
Неказнивоста со политичко-партиски мотиви е лоцирана слабост на владеењето на правото во Македонија. Во таа насока, да се потсетиме и дека се уште немаме одговор за тоа кој ја нападна Амбасадата на САД во Скопје 1999.
Затоа, доколку Владата на Македонија не сака да се идентификува како Влада на Додик во Скопје, МВР веќе утре ќе го лоцира и процесуира напаѓачот и ќе ги добие нашите комплименти.
Во спротивно, ќе остане впечатокот дека станува збор за партиски инструирано дело со цел да ги влоши билатералните односи меѓу Македонија и Србија, да ја засили неказнивоста, но и да му потврди на Брисел дека официјално Скопје прави се за да се дистанцира од европските интеграции – се истакнува во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Величковски: Држава која не гарантира безбедност и…
Остра реакција испрати лидерот на Нова Република,…
Драма во хотелот Порин во Загреб: Русинка…
Двајца странци, 38-годишна Русинка В.А. и 32-годишниот…
Мицкоски во среда прави лидерска средба –…
Средбата е закажана и на неа ќе…
Струмичанец удрил полицаец на патарина и се…
Вчера во 18:40 часот на наплатна станица…
Бензините и маслото за домаќинство поскапуваат
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…