Венгу: Неоправдана паника на Белград околу заедничката вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска

t

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу денес ја нарече реакцијата на институциите во Белград на заедничката вежба на Албанија, Косово и Хрватска „неоправдана паника“ и најави зголемување на вклученоста на Албанија во КФОР, објави „Еуроњуз Албанија“.

„Ги следиме реакциите, еден вид неоправдана паника на институциите во Белград. Продолжуваме со нашата работа. Трилатералната соработка е во тек. Имав состанок со колегите (од Косово и Хрватска) во Минхен за да ги утврдам следните чекори за набавка на одбранбена опрема. Сите три земји имаат слични потреби, ја зајакнуваме заедничката акција за подобри и поевтини договори. Вклучени сме и на саемите што ги организираат нашите хрватски колеги“, рече Венгу.

Тој додаде дека немале никаква комуникација со Белград, освен, како што рече, фактот дека поканата за приклучување кон трилатералната одбранбена соработка е упатена до сите земји во регионот.

„За жал, тие спроведоа политика на празен стол“, рече Венгу на заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на Албанската армија, Арбен Кингџи, началникот на Одделот за вонредни ситуации, Хаки Цака, и директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија, Дориан Тола. Тој, исто така, најави неколку клучни случувања во областа на одбраната и безбедноста.

„Еден приоритет е зголемување на придонесот на Албанија во мисијата КФОР во Косово. За прв пат, ќе понудиме воздушна компонента, зајакнувајќи го присуството и одговорноста на Албанија во меѓународните безбедносни структури“, рече Венгу, нагласувајќи дека неговата земја со тоа ја зајакнува својата улога како фактор на регионална стабилност и сигурен партнер на алијансата. Ова, според него, ќе биде една од двете важни одлуки за Албанија на министерскиот состанок на НАТО. Втората одлука, рече Венгу, се однесува на Коридорот 8, дел од критичната инфраструктура на Алијансата, што ја става Албанија во центарот на стратешките инвестиции од страна на НАТО и ЕУ.

Тој ја истакна важноста на улогата на Коридорот 8 во воената мобилност и поврзаноста на инфраструктурата, особено во контекст на ситуацијата во Украина. Венгу, исто така, најави интеграција на албанската воена индустрија со европскиот воен синџир, со цел зголемување на соработката и стандардизацијата со стратешките партнери, како и враќање на воените аташеа во неколку европски земји и проширување на нивното присуство во земјите од регионот, што, како што рече, ги зајакнува дипломатско-воените капацитети на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венгу: Неоправдана паника на Белград околу заедничката…

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу денес…

Хорор во Хрватска: Маж ја убил сопругата…

Окружното јавно обвинителство во Осиек, по спроведена…

Протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз…

Во Албанија се одржа нов антивладин протест,…

Семејства на исчезнатите и киднапирани Срби од…

Семејствата на киднапираните и исчезнати лица од…

Во Косовските безбедносни сили се вложени повеќе…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци изјави…