Венецијанската комисија во септември ќе го проценува нацрт-законот за правична застапеност

t

Владата доби потврда од Венецијанската комисија дека ќе спроведат проценка во септември во Скопје во врска со нацрт-законот за правична застапеност. Информацијата ја објави вицепремиерот Арбен Фетаи.

„Оваа недела добивме информација од Венецијанската комисија дека ќе има мисија за евалуација каде што, според нивната пракса, ќе дојдат во Скопје во текот на септември за да ги интервјуираат страните вклучени во овој процес и да ги дадат своите мислења за предлог-законот“, рече Фетаи.

Нацртот беше испратен до Венецијанската комисија пред неколку недели и чека на оценка за неговата уставност и усогласеност со меѓународните конвенции за човекови права.

Фетаи рече дека владата, чиј дел е тој, и коалицијата ВЛЕН, ставаат крај на некои од дискриминаторските политики против Албанците. Во оваа насока, тој зборуваше и за новите закони за јавна администрација, со кои ќе се укинат називите „помлад соработник“ и „помлад референт“.

„Овој назив не беше само професионален степен. „Помлад соработник“ беше етикета на неправда. Образовани луѓе со искуство и професионална посветеност остануваа заробени на најниската можна позиција со години. Тие беа вработени, но не и унапредени. Никогаш не беа ценети и систематски понижувани. Тие беа оставени во институционален заборав само затоа што беа Албанци и немаше кој да ги брани“, додаде Фетаи.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…