Објавено на:

Венецуелскиот претседател обвинува: САД и Европа управуваат со Украина како да е колонија

t

Соединетите држави и Европа управуваат со Украина како колонија, според венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Според него, претседателот на Русија, Владимир Путин, отсекогаш барал дипломатски решенија за проблемот со соседната земја.


„Договорите од Минск беа отфрлени, тие беа отфрлени од елитата која владее во Украина и која е безусловен сојузник на САД и Европа. „Тие управуваат со таа земја речиси како колонија“, рече тој на состанокот со членовите на владата.

Мадуро додаде дека и нанеле голема штета на земјата.
„Економијата на земјата е уништена, економијата на Украина е уништена од Бајден и НАТО со целата таа кампања насочена кон поставување бази со нуклеарно оружје насочено кон Русија. Тоа е апсолутно неприфатливо“, заклучи венецуелскиот претседател.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во својот говор пред потпишувањето на признавањето на независноста на ДНР и ЛНР, зборувајќи за плановите за нуклеарно оружје во Украина, рече дека тоа радикално ќе ја промени ситуацијата во светот, а со тоа и Русија би бил принуден да реагира.

Тој исто така рече дека Киев може да го направи нуклеарното оружје многу полесно од некои други земји, особено поради технолошката поддршка од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинати преговорите меѓу Русија и Украина

Мировните преговори меѓу Москва и Киев во…

Меѓународниот кривичен суд испраќа експерти во Украина:…

Меѓународниот кривичен суд (МКС) испрати тим од…

САД бара ЕУ да воведе царини за…

Претставници на американското Министерство за финансии изјавија…

(Видео) Не очекуваа ваков одговор: Русите пресретнаа…

Руското Министерство за одбрана објави видео на…

ОН се обидува да издејствува извоз на…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара…