Објавено на:

(Видео)„Бизнис инсајдер“: Ќе се гради „Дубаи во Европа“, во Грција никнува првиот високотехнолошки град

t

Грција го гради најголемиот и најзелениот паметен град во Европа како дел од проект вреден астрономски осум милијарди долари, пренесува Business Insider.

Градот Елиникон треба да се наоѓа на местото на поранешниот атински аеродром, на брегот на Егејското Море и да ги има првите грчки облакодери, врвни трговски центри, спортски паркови и друг луксуз. Изградбата првично требаше да започне во 2008 година, но беше одложена поради светската финансиска криза која ја доведе грчката економија на работ на колапс.

Како што изјавија за „Бизнис инсајдер“ изведувачите на овие работи, тие се обидуваат да изградат град која ќе ги спои прекрасните погледи на грчкиот брег со технолошки паметна и еколошка инфраструктура и тврдат дека тоа е најголемиот европски регенерациски проект. Првата фаза од проектот, која се очекува да биде завршена до 2026 година, се проценува дека ќе привлече милиони нови туристи и ќе донесе 3,3 милијарди евра за грчката економија.

Инаку, како што пишува Business Insider, Елиникон е еден од неколкуте нови високотехнолошки градови кои се градат ширум светот, но најчесто во Азија или на Блискиот Исток, а не во Европа.

Големиот крајбрежен парк е клучен дел од проектот, ги пренесува Business Insider идеите на дизајнерите. Таму би се наоѓала и кулата Ривиера, првиот облакодер во Грција и највисоката зграда, со 180 станови на 50 ката.

Извршниот директор на студиото Ламда, кој работи на Елиникон, вели дека градот Елиникон „ќе ја стави Грција на мапата со сите вистински причини“. Но, на реализација на проектот не се согласуваат сите Атињани. Некои жители на грчката престолнина стравуваат дека проектот ќе ја претвори Атина во „мини-Дубаи во Европа“, полна со мегајахти и казина, додека други пак, се жалат на уништување на историските градби поврзани со стариот аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Мицотакис ќе го покрене прашањето за Македонија…

Се очекува премиерот Кирјакос Мицотакис да го…

„Прототема“: Грција очекува јасна порака од НАТО…

Грција очекува јасна порака од НАТО до…