(Видео)Тортурата продолжува: Јанакиески со штаки во полициска кола спроведен на рочиште

t

Куцајќи на една нога, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пристигна во судот.

Наребата тој да биде спроведен со полиција во понеделник во 10 часот за кога е закажано рочиште во случајот „Топлик“ доаѓа директно од судијата во овој случај Осман Шабани на барање на обвинителот Бурим Рустеми, кому многу му се брза што поскоро да има пресуда.
Рустеми самиот има најавено дека овој предмет треба да заврши што поскоро а со судот има договорено сите докази на одбраната да бидат одбиени.

Но, Јанакиески има уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата се до седми февруари бидејќи имаше сериозна повреда на ногата. Пред неколку дена беше и опериран и сега е на домашно закрепнување.

Сепак, за судијата Шабани тоа како да не е важно и тој говорел дека ќе го задржи во судницата само половина час, а потоа бил слободен.

Во судските кругови веќе се коментира дека намерата е набрзина да се дојде до завршите зборови со тоа што ќе бидат отфрлени сите докази и сведоци на одбраната, а веднаш потоа да има пресуда со која, како што стојат работите, Јанакиески однапред е осуден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложен судскиот процес против докторите кои извадија…

Тројцата лекари од Струга, против кои Основното…

Дојави за бомби во судовите во Сараево

Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд…

Кацарска: Граѓаните побрзо ќе дојдат до правда…

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на…

БРУКА во Гостивар: Татко и син полицајци…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…

(Видео) Песков: Нема никакви шанси Путин да…

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков вечерва даде интервју…