(Видео) Ако обвинителството го прелиста извештајот на Владата за 2020 година ќе има полни раце работа
Ако вашата Влада работела чесно и квалитетно, денес вие требаше да направите да не можеме да дојдеме до збор ние. Да се фалите со реализираните проекти, а не вака да ве нема и да молчите, им порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на пратениците од власта во Собранието.
Денес се дебатира за завршната сметка на Буџетот за 2020-та година.
-Јасно ми е зошто е тоа така, затоа што овој документ е срам, доказ за неспособноста и арамилакот на вашата Влада. Овој извештај е доволен само да го прелистаат во Обвинителството и ќе имаат многу што да испорачаат до судовите, многу кривични пријави. Ова е само потврда дека Владата на СДСМ и ДУИ работи недомаќински, нечесно и е неспособна да го реализира ветеното пред граѓаните.
Овој извештај за 2020-та година колку и како сте сработиле беше на изгласување пред граѓаните на локалните избори во 2021-ва година и видовте, таму не помина, рече пратеникот.
Целиот говор на Ристески од Собранието, слушнете го во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И покрај ветувањата, Владата не обезбедила доволно…
Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…