(Видео) Ангелов: Два нови пожари ги вознемирија жителите на Ајватоци и Бунарџик, итно е испратена екипа скопски пожарникари
Два нови пожари кои денеска избувнале кај селата Ајватовци и Бунарџик регионот Скопје предизвикале силна вознемиреност кај граѓаните, информира во видео-изјава, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Таму итно заминала екипа на скопската противпожарна бригада, која претходно успеала да го изгасне пожарот кој избил на стрелиштето „Камник“ под ресторанот за свадби, кој исто така предизвикал голема паника.
Во текот на денешниот ден до 15:30 часот на територијата на државата има 23 огнени стихии на отворено, но, како што вели Ангелов, за жал овој број нема да биде конечен бидејќи попладнево сигурно ќе се се појават нови пожари.
Според директорот на ЦУК пожари денеска избувнал кај кичевското село Зајас, каде гори мешана и делумно борова шума и кај селото Косоврасти во близина на Дебар. Во нивно гаснење учествуваат локални пожарникари и припадници на Јавното претпријатие „Национални шуми“.
Од активните огнени стихии, како што информираше директорот на ЦУК и понатаму најголема маки на протипожарните екипи им создава пожарот на територијата на општина Македонски Брод кај езерото Козјак, кој Ангелов го оцени како „монструм“ од пожар со кој со денови се води битка.
Во справувањето со огнот учествуваат повеќе воздухоплови, хеликоптери, „ертрактори“, а на местото е присутен и тимот од Унгарија.
„На местото имаме 40 лица од противпожарниот тим од Унгарија коишто имаат специјална опрема и чија што првостепена задача денеска е да ја заштитат викенд-населбата на брегот на езерото Козјак за која што сум прилично сигурен дека нема да биде загрозена од огнот бидејќи имаме концентрирано поголема сила на ова место“, изјави Ангелов.
На унгарскиот тим им помагаат и 27 припадници на македонската полиција и неколку локални пожарникари, а денеска таму постојано дејствува и хеликоптер од Унгарија.
Вториот тежок пожар, со кој битката, исто така, трае неколку денови, вели директорот на ЦУК, е оној на Илинска Планина на териториит на општините Демир Хисар и Охрид. И овде се дејстува со воздухоплови, но, според Ангелов, овде е потребен посилен одговор од локалната самоуправа, бидејќи на на местото се наоѓаат само четворица пожарникари и десетмина припадници на „Национални шуми“.
„Третиот активен пожар е на територијата на општина Чашка, село Папрадиште и Ореше каде што рано утрово делувавме со два хеликоптери, еден полициски и еден српски хеликоптер. Исто така, на земја има десет припадници на ‘Национални шуми’, како и пет припадници од општината. Овде горат млади насади од шума и ниска вегетација. Друг пожар кој исто така е голем е пожарот на територијата на општина Петровец којшто се движи кон село Градманци и село Дивље. Овде дејствувавме со четири ‘ертрактори’ и тоа два на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два германски „ертрактори“, информира Ангелов.
Инаку, нов пожар избувнал во месноста Панаѓур, кај одморалиштето „Пониква“ на територијата на Кочани, а неколку пожари има кај скопско Студеничани, кои ги гаснат екипи на скопската противпожарна бригада.
„Уште еднаш користам можност да апелирам, сите граѓани коишто викендички или ги обновиле поранешните стари куќи во напуштени села да направат мек појас околу нив за да бидат заштитени од евентуален пожар, бидејќи не знаеме кога и каде ќе избувне нов пожар“, порача Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…