Објавено на:

(Видео) Анти-НАТО протест во Анкара, уапсени околу 20 демонстранти

t

Турската полиција денеска приведе, според последните информации, 19 учесници на анти-НАТО протестите кои се одржаа во центарот на Анкара и покрај строгите безбедносни мерки и општата забрана за собири за време на самитот на алијансата во турскиот главен град, јавија локалните медиуми.

Како што пишуваат дел од медиумите, шестмина од уапсените се адвокати. На дел од објавените снимки се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги влечат до полициски автобус во близина на паркот „Куртулуш“ во Анкара. Полицијата го блокираше протестот пред да приведе некои од учесниците на седум километри од местото на одржување на самитот.

Протести против НАТО се одржаа во Анкара и пред два дена, кога демонстрантите се судрија со полицијата и имаше уапсени и повредени. Стотици луѓе веќе се уапсени низ целата држава пред самитот на НАТО во вторник и среда. Меѓу нив има новинари, академици и членови на левичарски групи. Низ главниот град се воведени строги безбедносни мерки, а распоредени се повеќе од 56.000 припадници на безбедносните сили, објави државната телевизија ТРТ.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговарајќи на новинарско прашање за репресивните мерки на Турција против демонстрантите, ја нагласи важноста на правото на протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Анти-НАТО протест во Анкара, уапсени околу…

Турската полиција денеска приведе, според последните информации,…

Ирански проектил погоди катарски танкер со течен…

Катарскиот танкер за течен природен гас „Ал-Рекајат“…

Продолжен рокот: До 30.000 денари за приклучок…

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…

(Видео) Трамп: Ги тестирав сојузниците, НАТО многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во…

Црна Гора воведува инстант плаќања – парите…

Црна Гора е на чекор до воведување…