(Видео) Атанасовски во „Тешки муабети“: Црвенковски го доведе во претклиничка смрт своето политичко чедо СДСМ, а ЕУ ги „пушти низ вода“?

t

Ако одиме во теорија на заговор, велат дека Бранко Црвенковски од позиција на претседател на државата учествувал во формирањето на НСДП, со цел да го отстрани Владо Бучковски. Зошто? Затоа што мноу го потценил Никола Груевски и мислел дека лесно може да го победи. ЗНАМ некако многу набрзина направи солидни општински организации, вели во гостување во „Тешки муабети“ политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски.

– Ако погледнете во ЗНАМ на Максим Димитриевски сега се луѓе кои важеа за дел од „бранковистичкото крило“ во СДСМ како Весна Бендевска.
Сега се поставува прашањето дали Бранко Црвенковски ќе оди до таму да го доведе своето политичко чедо СДСМ во претклиничка смрт, бидејќи многумина се прашуваат како ќе продолжи да функционира партијата, вели Атанасовски кој смета дека и Европската унија „ги пушти СДСМ низ вода“.

– Во прериодот пред промената на името дојдоа Ангела Меркел, Тереза Меј, а потоа Македонија доби француско вето, па бугарско вето и слично, тоа е пуштање низ вода на СДСМ. После сите проблеми со името и Грција, сега ЕУ да ви вели дека имате нов проблем со Бугарија па треба да го решите, води само до поголем евроскептицизам. И тие 65% кои се за ЕУ не знам дали би биле толку доколку се изземат Албанците и останатите малцинства од анкетите, се сомневам дека кај Македонците поддршката за ЕУ е нешто над 50%, вели Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…