(Видео) Атанасов: Овде веќе не е хумано да се живее
„Образованието ако го градите невнимателно, ќе добиете крива кула. Секоја промена која не е прифатена, која е еднодимензионална, нема да успее, само може да направи штета, образованието не е далеку отидено во минативе 20 години. Во главите на младите луѓе нема светлина, нема оптимизам, доминираат политичките партии и ако не сте член на партија, вие сте во сива зона. Веќе се чувствуваат резултатите на тие процеси. Недостатокот на филтри на квалитет во партиите не доведе до момент кога секој може да работи на секоја позиција и да се нема доверба во институциите. Младите не заминуваат од општеството, туку масовно бегаат, не најдовме модус за да обезбедиме процеси со кои можат тие да напредуваат, да ги задржиме“ вели универзитетскиот професор Петар Атанасов – поранешен министер за образование во најновото издание на Трилинг.
Професорот смета дека „најквалитетните и понатаму ќе заминуваат за поголеми можности, а вториот проблем е недостаток на основна работна сила. Веројатно ќе се случи да немаме основна работна сила, приватниот сектор веќе се соочува со немање одзив“.
„На политичко-етничките елити во земјава не им требаат промени, убаво живеат. На друга страна е народот, ако сака било што да добие, мислат дека треба да понудат мито и страшно е ова да се слуша, но овој процес како да се зголемува. Народот е соочен со нефункционирање на системот. Се наоѓаме во една општествена ситуација кога не знаете кого да го обвините, а странците нема да ни ги решат проблемите. Внатрешните собитија меѓу заедниците, градовите, луѓето – има голем социјален јаз. Овде веќе не е хумано да се живее“ вели Атанасов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…