(Видео) А1 телевизија се враќа на екраните? – Велија Рамковски демантира

t

Видео старо две години објавено на фејсбук страница со име „А1“, предизвика интерес поради наводната информација дека телевизијата повторно ќе почне со зрачење.

Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска. Во изјава за „Слободен печат“ таа вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот.

Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1, па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа, и мене ме интересира, вели Рамковска.

А1-телевизија првиот сигнал во телевизијата го добила на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1-телевизија пред нејзиното затварање беше една од најгледаните телевизии во Република Македонија. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк

Сопственикот на А1 телевизија и уште неколку негови соработници во исто време се во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок.

По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 31 јули 2011 год. поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ – Скопје има отворено стечајна постапка.

Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, но во интернет просторот, исто така демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект.

Би сакале да се оградиме од сите шпекулации поврзани со тоа дека се враќа А1 преку телевизиски сигнал или кој се’ стои зад истата во моментов. Вистинскиот и единствен сопственик кој и е познат на јавноста е Велија Рамковски, но истиот не учествува во позадината на ова реобновено интернет издание на А1 Телевизија!
Нашата цел е на некаков начин да го вратиме духот на дефинтивно најгледаната и влијателна телевизија во Република Северна Македонија, до можеби некогашно вистинско враќање на А1 Телевизија на кое сите заеднички би се радувале.
Целиот A1 Online начин на телевизијата ќе фукцнионира со емитување на online програма, токму онаков начин за кој Велија Рамковски во едно недамнешно интервју за еден медиум изјави: “А1 би била модерна, со поддршка од социјалните мрежи. На пример, направена емисија, или вестите, но тоа да се пренесува и преку социјалните мрежи. Значи мостот меѓу евентуално идна А1 и социјалните мрежи ќе биде многу појасен и побрз“, стои во објавата на фејсбук страницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„УКРАИНА НЕ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ“ – Марин…

Лидерката на десничарската партија Национален собир, Марин…

ВОЈНАТА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ ПО 2 МЕСЕЦА:…

Русија и Украина имаа три средби на…

Диета за зајакнување на имунитетот

Нутриционистот д-р. Џоел Фрам смета дека човекот…

Ова се функционерите кои ќе одлучуваат за…

Официјално веќе се знае кои ќе бидат…

Шолц: Русија мора да биде вклучена во…

Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни за…