(Видео) Бетмен велиТ – Срамота е луѓеее

t

Најновото издание на емисијата Бетмен велиТ на Инфомакс, Богдан Илиевски го започна со збогување со Никола Димитров, кој не доби фотелја во новата влада и Владо Бучковски кој беше разрешен од функцијата Специјален претставник на Македонија во Бугарија.

Никола Димитров, пред неколку дена, се разбуди како голем патриот и реши да си ја отвори душата пред јавноста откако претходно му беше отворена излезната врата од владиниот кабинет.

Никола Димитров во 2017 изјавуваше дека и Македонија и Бугарија ќе бидат задоволни со потпишувањето на договорот за добрососедски односи иако тогаш не даде детали во врска со договорот. За деталите тој преговараше со тогашната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која пак, изјавуваше дека е взаемен интерес Македонија да признае дека има бугарска историја, а Бугарија да ја признае денешната реалност во Македонија.

Или како што изјавуваше Димитров, тоа ќе биде прекрасен договор од кој ќе бидат задоволни и Македонија и Бугарија. Тoј одеше до таму што тврдеше дека потребата за ваквиoт договор е резултат на влошените односи со соседната влада, предизвикани од претходната влада во Македонија.

Во исто време, Божидар Димитров, директорот на бугарскиот национален историски музеј, поранешен пратеник од ГЕРБ и министер за дијаспора, изрази задоволство од Договорот за добрососедство, додавајќи дека не верувал дека ќе го доживее денот кога кога некој од Македонија ќе признае дека македонскиот и бугарскиот народ се еден ист народ. Тој тогаш нaгласи дека во договорот постои одредба, навидум безопасна, чие исполнување ќе доведе до крај на македонизмот и претварање на Македонија во втора бугарска држава

Значи, според Божидар, договорот е создаден за да стави крај на Македонија, додека нашиот Димитров, тврди дека со договорот се закрпуваат дупките што ги направила претходната влада и дека нашите интереси се заштитени.

Но со помош на историските комисии кои се дел од договорот и т.н. заедничка историја треба да кажеме дека денешните Македонци кои зборуваат македонски јазик некогаш биле Бугари, а македонскиот јазик дијалект на бугарскиот.

Своите позиции Бугарите ги заштитија и со декларација во парламентот и меморандум кој го испратија до ЕУ, а со кој бараа нејзините ставови за македонскиот идентитет и јазик да станат дел од преговарачката рамка во Македонија, и дека прифаќањето на тие ставови од страна на Македонија е услов за сите понатамошни чекори по патот на евроинтеграцијата.

Значи, со договорот за заедничка историја потпишавте или крај на Македонизмот, или вето, бетонирано со државни документи на Бугарија кои пак, за новиот премиер Ковачевски не се пречка и тој очекува да се најде решение во спорот со формирањето на новата влада во Бугарија, и не само тоа, туку да се сврти дијалогот и кон иднината.

Ковачевски е уверен дека македонскиот идентитет е заштитен, дека сме Македонци кои живеат во С. Македонија. Ама само од ’45 година. А за тоа „С“ е заслужен токму Никола Димитров, кој пак потпиша Договор со кој се дефинираше декание не сме Македонци од памтивек, туку од седми век.

Откако се позициониравме дека сме измислени во седми век од некој Тито од зад Карпатите, на ред дојдоа Бугарите, за да кажат дека од седми век, до ’44 година не сме биле Македонци, туку Бугари. Па нашето измислување ќе го поместат за 13 века.

Или, како што изјави Божидар Димитров, ќе учиме дека сме биле Бугари 1300 години, кои потоа биле претворени во вештачка нација од тоталитарниот режим на Тито, што, пак, ќе се смени сега, кога ќе се усогласат учебниците.

Ковачевски, сево ова не го знае, или се прави наудрен?

Никола Димитров, откако остана без својата фотелја, истакна дека Ковачевски нема искуство во меѓународната политика и некој го советува. За неговото пуштање низ вода, Димитров посочи дека причините треба да ги образложи новиот, или можеби стариот премиер, кој тврдеше дека имаме заедничка историја.

Димитров, сега кога беше елиминиран од владата, одлучи да си ја отвори душата и јавно да говори за предавството. Дури истакна дека бил против стратегијата и текот на преговорите со Бугарија, и дури и водел битка додека бил „внатре“.

Истиот Димитров кој во 2017 убедуваше дека потпишуваме фантастичен договор. И место да се повлече, и да укаже дека се подготвува предавство, тој чекал да биде сменет, и да не замине сам, па да се разбуди патриотот во него.

Па сега изјавува дека не му верува на Османи и смета дека тој сака да го реши спорот по секоја цена, што според освестениот патриот Димитров е опасно.

Како да живее на Марс последните пет години, па сега открил што се случува во Македонија. Па сега открива дека Бугарија е земја членка и има право на вето.

Како и новиот премиер Ковачевски, кој изгледа не знае кои се позициите на Бугарија, па се надева на скоро решавање на спорот и тргање на ветото.

Но, новата влада на Бугарија, не дојде со нови позиции, туку си старите, целосно исполнување на договорот и признавање на заедничка историја и целосно следење на насоките од Декларацијата на бугарското собрание во која до ’44 година сме биле Бугари кои зборуваат бугарски јазик. Тоа го заклучија сите бугарски политички чинители, вклучително и новиот премиер, Кирил Петков, човекот со кој Ковачевски ќе зборувал за иднината.

Тоа се придобивките на договор за кој Димитров велеше дека е феноменален.
Петков најави дека зацртаните позиции на Бугарија ќе бидат надградени со нови комисии кои ќе го прошират полето на соработка за, како што изјави тој, да обезбедат брз напредок.

Но, брз напредок ќе има само доколку не не уценуваат дека сме нешто што не сме. Ова е нешто што би требало да ви го кажат нашите главучи од Владата, наместо да молчат како млади невести бидејќи им е мила моќта, па кога ќе ги тргнеш од фотелјата сфаќаат дека Бугарија има право на вето.
Така, и Ковачевски, нема проблем со ставовите на Бугарија, и е оптимист поради посетата на бугарскиот премиер, кој, не доаѓа само да ги потврди ставовите на неговата земја, туку и да ги надополни со барање Бугарите да се впишат во македонскиот устав.

Ковачевски, нема проблем со заедничката историја по бугарски терк. Не е тој историчар, комисиите ќе кажеле што е…Комисиски ќе се одлучува дали Македонците биле Македонци пред ’45.
Во меѓувреме, бугарскиот претседател изјави дека нема рок за решавањето на спорот, се додека не се исполнат нивните барања, меѓу кои и промената на уставот.
Ковачевски, пак, и покрај сите изјави од Бугарија, очекува дека разговорите со Петков ќе бидат насочени кон иднината.

Дури и Преспанскиот договор изгледа како мало дете ако се гледа изолирано, а не како целина со Преспанскиот договор. За секој оној што не ја гледа целината, да потсетиме дека Бојко Борисов, како што изјави Заев, бил сериозно заангажиран за потпишувањето на Преспанскиот договор.

Пред крај, еден важен апел, вчера во Скоје, откако францускиот амбасадор кажа дека евроинтеграциите немаатрокови и датуми, во време на фрpанцуското претседателствување, забележано е исчезнување на едно лице, се одзива на името Кастриот, на презиме РРеџепи. Познат е по тоа што сака да, сече, како што изјави и самиот, во корист на иднината.

Дa си ги научиме корените, пред Таче Ковачевски да не води кон иднината. Чувај си го разумот Македонијо, да не бидеш после како Никола Димитров.

,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во регионот на експлозијата во…

Делумна вонредна состојба е прогласена во градот…

(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ…

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин…

Европската комисија ја тужи Бугарија

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…