(Видео) Биле спремни за војна: Голема полициска акција – Запленети 18 парчиња оружје и 111 куршуми

t

Рано утронава од 4 до 8 часот во полициска акција во координација со Државниот пазарен инспекторат пронајдено е оружје и муниција на неколку локации низ државата, при што се приведени 10 лица.

Во рамки на контролата се утврдени пест кривични дела од кои пет по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и еден по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони.

Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Чкембари“ најавија инвазија на Скопје за дербито…

Натпреварот од 5. коло меѓу Вардар и…

Принцот Хари може да ја загуби американската…

Признанието на британскиот принц Хари дека во…

Германската министерка за надворешни работи Бербок во…

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република…

ДС: Стејт департментот алармира за корупција во…

Стејт департментот на САД во својот најнов…

Вили: Не сакам амнестија ако за возврат…

Со оглед дека спласнаа нападите кон пратениците…