Објавено на:

(Видео) Божиќна порака на Зеленски: Се бориме за мир!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, во услови на војна, остануваат заедно во одбраната.

Зеленски истакна дека Бадниковата вечер е посебен момент што симболизира заедништво и припадност, иако војната веќе четири години се обидува да им го одземе чувството на спокој и семејна топлина.

„Токму тоа денес го браниме, нашата земја, нашите семејства и долгоочекуваниот мир во сопствениот дом“, порача тој.

Призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период, додавајќи дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом.

Тој истакна дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатската област или во близина на фронтот, Божиќ го одбележуваат заедно, како една голема семејна заедница.

Во обраќањето потсети и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, наведувајќи дека биле употребени дронови и ракети, но и покрај тоа порача дека Украина опстојува.

Рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите, за протераните и за сите кои, и покрај тешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, рече тој, честитајќи им Божиќ на граѓаните со пораката: „Христос се роди! Да го славиме!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Божиќна порака на Зеленски: Се бориме…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до…

Апасиев достави предлог-заклучоци за трагедијата во „Пулс“:…

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната…

Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен…

Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија…

ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…

Нема да има никаква потреба од нова…

Ослободени дел од обвинетите за падот на…

Вишиот суд во Нови Сад ја запре…