(Видео) „Брз одговор“: Ексклузивно летаат транспортни хеликоптери и противтенковски авиони на Криволак
Во моментов на Криволак се одвива вежбата на НАТО „БРЗ ОДГОВОР 22“ во која се презентираат воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.
Во моментов се полетаа неколку транспортни хеликоптери, а на видеата се гледаат и ниски прелети на противтенковските авиони Fairchild Republic A-10 Thunderbolt II.
Fairchild Republic A-10 Thunderbolt II е авион за напад со едно седиште, два турбовентила, дирекцион крила, субсоничен, развиен од Ферчајлд за потребите на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (USAF). Во служба е од 1976 година, тој е именуван P-47 Thunderbolt, ловец-бомбардер, ефикасен за напаѓање копнени цели, но вообичаено се нарекува „Warthog“ или „Hog“.
На денот за високи гости, како што најавија од армискиот Генералштаб, меѓу другите ќе присуствуваат и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, собранискиот претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, амбасадорите на САД, Велика Британија, Италија, Франција, Грција, Албанија и Црна Гора, заменик на командантот на американската Армија за Европа и Африка, генерал-мајор Петер Ендрусјак, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е малолетната Југословенка која родителите ја…
Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран,…
(Фото) Злоупотреба на службени возила во Гевгелија
Кога со пренамена на средства од буџетот…
Исчезнала среде бел ден во населено место,…
Повеќе од една година семејството Јанкови живее…
„Човештвото се соочува со огромна катастрофа“ –…
Северна Кореја предупреди дека Јапонија наводно се…
Еве зошто филмовите од 90-тите се подобри…
Додека модерната кинематографија сè повеќе се потпира…