(Видео) Брука невидена: ДУИ ја одликувал сопругата на диктаторот Енвер Хоџа
На социјалните мрежи е дистрибуирана видео снимка која ја обезбеди Алмакос на која се гледа како лидерот на ДУИ Али Ахмети со душа и срце му пее на озлогласниот диктатор Енвер Хоџа.
Во меѓувреме, интелектуалци албанци објавија уште едно видео кое датира од 2014 година, кога ЗВВ-УЧК и ДУИ ја одликуваа сопругата на Енвер Хоџа, Неџмије Хоџа, инаку позната како „Црната дама“.
Манифестацијата „Јануарски пламен“, организирана од ЗВВ-УЧК на 17 јануари 2014 година во Кичево, се одржа во чест на браќата Гервала, кои беа убиени во Германија од српската УДБ.
Според информациите на порталот Алмакос, на овој настан учествувале и многу министри и високи функционери на ДУИ, но и синот на диктаторот Енвер Хоџа, Илир.
До тука веста не би била скандал, но како што не информираа, на овој настан Илир Хоџа не бил тукутака, туку да подигне благодарница од „вујкото“ на Али Ахмети во име на неговата мајка Неџмије Хоџа.
Многу луѓе револтирани јс напуштија манифестацијата во знак на протест кон овој срамен чин, каде што името на браќата Гервала се меша со еден диктатор.
Тука јасно се гледа дека ЗВВ-УЧК на Фазли Велиу ги застапува чувствата на неговиот внук Али Ахмети, кој и во својата книга со интервјуа отворено ја изразува својата симпатија кон комунизмот на Енвер Хоџа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…