(Видео) Бугарскиот амбасадор во Скопје по нападот: Неказнивоста не овозможува превенција, туку ги охрабрува посегнувањата
„Нападот е извршен денеска, околу 12.20 часот по локално време. Извршителот е забележан од безбедносните камери – како целно се приближува со тежок, остар предмет кон влезната врата на амбасадата, нанесува удари и се повлекува во друга насока. Станува збор за сепак зајакнато стакло, витрина на влезната врата. Тоа е двојно стакло, имаме едно пристојно ниво на безбедност. Успеал да го скрши само првото заштитно стакло и веројатно затоа нападот не продолжил, бидејќи видел дека потоа има уште заштитни системи“, изјави за БНТ Желјазко Радуков, амбасадор на Бугарија во Република Северна Македонија, пренесува Трибуна.
На прашањето дали смета дека денешниот напад е резултат на говорот на омраза кој подолг период постои во РСМ кон Бугарија, тој одговори:
„Не сум сигурен дали е резултат на последната ескалација, овој говор на омраза и манипулација со вистината, дипломатски кажано, по темата Бугарија продолжува веќе со децении. Ова дејствие го проширува кругот на потенцијалните извршители на вакви напади. Дали човекот се почувствувал охрабрен од овој говор во последните недели или пред нив – во случајов е безпредметно. Проблемот е што бројот на луѓе како него постојано се зголемува токму како резултат на овој целно создаван наратив.“
„Ако говорот на омраза го проширува кругот на потенцијалните извршители, тогаш оваа неказнивост на злосторствата против бугарската заедница или на злосторствата против објекти и фигури поврзани со Бугарија не дозволува создавање на превенција, напротив. Им покажува на потенцијалните извршители дека нема проблем со овој тип однесување и со овој тип злосторство. Ќе ве потсетам дека во последните години имаме посегнувања врз Бугари, имаме пукање, имаме напад со секира. Сите тие или не биле ефикасно истражени, соодветно не сме стигнале до судница, или казните биле толку мали што практично го обезмислуваат терминот превенција, а напротив – го охрабруваат овој тип посегнувања. И тоа е, секако, загрижувачко. Не толку за вработените во нашата амбасада, кои целосно свесно го направиле својот избор да дојдат и да работат за Бугарија тука, туку повеќе се грижам за членовите на бугарската заедница, кои ја немаат таа заштита со која се користиме ние“, изјави Радуков.
Видеото од изјавата на бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Желјазко Радуков, можете да го погледнете на следниот линк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Бугарскиот амбасадор во Скопје по нападот:…
„Нападот е извршен денеска, околу 12.20 часот…
Направете договор пред да биде премногу доцна,…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака…
ВМРО-Народна: Прашањето за јазикот е затворено уште…
Додека траат актуелните препукувања на релација Скопје…
До 17 часот правото на глас го…
На повторените избори не е потребна излезеност…
Кубанските војници разочарани од „предавството“ на руските…
Кубанската војска остро реагираше на одлуката за…