Објавено на:

(Видео) Вака изгледаа првите вести по почетокот на бомбардирањето на СРЈ, пред 23 години

t

Денеска се навршуваат 23 години од почетокот на 78-дневното бомбардирање на СРЈ. За 11 недели, според неофицијални извори, загинале околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци, а сериозно биле оштетени инфраструктурата, деловни објекти, здравствени установи, медиумски куќи и воени објекти.

Југословените со страв, потсетува српски Курир, го очекуваа првиот Дневник по почетокот на агресијата на НАТО, кога беше објавена страшна вест.

– Непријателските авиони на агресорските НАТО сили околу 20 часот ги извршија првите ракетни напади врз нашата земја. Во првиот бран на агресија, авијацијата на НАТО гаѓаше цели во Приштина, Куршумлија, Даниловград, Нови Сад, Панчево и Подгорица. За време на нападот беше искористен воздушниот простор на Хрватска, Унгарија и Албанија. Воените сили на Северноатлантската алијанса грубо ја нарушија територијата на суверена Југославија и брутално ги загрозија животите на нејзините граѓани, ова беа зборовите што ги кажа водителот на почетокот на Дневник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на поранешен функционер повикан во полиција…

Денеска бил приведен син на поранешен екс…

Прв потврден случај на африканска чума кај…

Случај на мошне заразната болест африканска чума…

Довербата на Французите во Макрон е на…

Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…

Голема акција на грчката полиција- во Солун…

Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…