(Видео) Вака ли ќе одат во ЕУ: Непознати напаѓачи гаѓаа со јајца грчки европратеник во Тирана

t

При посета на Тирана, непознати напаѓачи го гаѓале со јогурт и јајца Фреди Белери, пратеник во Европскиот парламент од грчката партија Нова демократија, јавуваат денеска грчките медиуми. Белери допатува во главниот град на Албанија како член на делегацијата на Европскиот парламент, која се занимава со проценка на напредокот на Албанија кон членството во Европската унија, пишува порталот Катимерини.

Фреди Белери, етнички Грк, избран на почетокот на 2023 година за градоначалник на албанскиот град Химара, во јуни оваа година, додека ја издржувал казната во албански затвор, дознал дека бил избран и за грчки член на Европската Парламентот.

https://x.com/IsamyzyrajAlb/status/1851259494686236809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1851259494686236809%7Ctwgr%5Eca0ed17d7b57f0624ccc564224b023ca63a698ac%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0BDD0B5D0BFD0BED0B7D0BDD0B0D182D0B8-D0BDD0B0D0BFD0B0D193D0B0D187D0B8-D0B3D0B0D193D0B0D0B0-D181D0BE-D198D0B0D198%2F

Во март лани, тој е прогласен за виновен пред судот во Албанија за купување на гласовите на осум гласачи по цена од 335 евра за време на изборите за градоначалник на албанскиот приморски град Химари.

Белери се изјаснил за невин, ветувајќи дека ќе ја продолжи својата правна битка низ сите нивоа на албанскиот судски систем, како и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека премиерот нема да учествува на средбите со парламентарната делегација на ЕУ, што значи дека очекуваната прва средба лице в лице на Рама со Белери нема да се случи.

Грција првично беше против тоа Албанија да почне преговори со ЕУ, но потоа го смени ставот. Албанија неодамна почна преговори со ЕУ. Во Албанија скоро имаше и инциденти во Собранието. Пратеници палеа кука со ликот на Рама, столчиња и слично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но…

Најголемиот израелски дневен весник „Хаарец" објави колумна…

Ревизорскиот извештај утврди бројни системски слабости во…

Отсуството на одредби за утврдување на платите…

Артан Груби нема албански пасош

Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за…

Во Бугарија има политичари подготвени да соработуваат…

Во Бугарија има политичари кои – и…

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…

Државата и институциите на системот целосно затаиле…