(Видео) Владата ќе го намали ДДВ-то за горива од 18% на 10%, а потоа и на 5% доколку цените продолжат да растат

t

Премиерот Мицкоски најави намалување на ДДВ од 18% на 10%, а потоа и на 5% доколку за тоа има потреба, следејќи го движењето на цените на берзите.

– Работевме заедно со Министерството за енергетика изминативе денови со најголемиот снабдувач, ОКТА и добра вест за македонските граѓани е што ОКТА на компаниите коишто соработуваат со нејзе од денеска ќе даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон, тоа би значело намалување од 2,5 денари по литар.

Разговарав со голем дел од сопствениците на бензинските пумпи кои тоа ќе го пренесат на крајните корисници, така што можеме да, бидејќи Регулаторна ја одредува највисоката цена, да откако ќе биде објавено ова да бидат намалени нафтата и нафтените деривати. Тоа би значело дека литар дизел кај нас ќе биде 1 евро и 35 центи, во Србија е веќе над евро и 80 центи, во Европа е над две евра, македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на неколку километри од жестоки воени дејствија, рече Мицкоски кој најави намалување на ДДВ-то за горива доколку има потреба.

– Како Влада ние сме Влада која е избрана од граѓаните и мора да се однесуваме во полза на интересите на граѓаните, ќе тргнеме со намалувањето на зафаќањето кое и така е најмало во Европа, не на акцизите, за акцизите има закон. Ќе одиме со намалување на ДДВ од 18 на 10%, па имаме уште една мерка потоа од 1-0 на 5%, но тоа ќе зависи од цената како ќе се движи, сега имаме жесток притисок од граѓаните на пограничните места од соседните држави, кои доаѓаат да полнат гориво бидејќи за 30 – 40- 50 евроценти е поевтино за литар кај нас, продолжуваме и понатаму да бидеме фактор на стабилност во регионот, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Владата ќе го намали ДДВ-то за…

Премиерот Мицкоски најави намалување на ДДВ од…

Левица: ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на…

ВМРО-ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ…

(Видео) Левица предлага двојно зголемување на сумата…

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Реџеп…

Повторно нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ, нема…

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно…