(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Локална власт на СДСМ во Струмица настапи со многу ветувања, но до сега нема започнато ниту еден поважен проект

Петтиот мандат на локална власт на СДСМ во Струмица настапи со многу ветувања за струмичани. Ветувања за изградба на нова инфраструктура; ветување за инвестиции во стопанството; ветување за подобар живот на граѓаните, истакна денеска преку прес конференција ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, додавајќи дека иако време за реализација има, сепак до сега во општина Струмица нема почеток на ниту еден поважен проект.
Од партијата упатија прашање до Градоначалникот Костадин Костадинов:
До каде е Изградбата на модерно булеварско решение на булевар Климент Охрдиски – од Жито Струмица – до Терминал?
Ова ветување на граѓаните го видовме во неколку предизборни програми на СДСМ.
До каде е изградбата на модерно булеварско решение на потегот од булеварот Климент Охридски од Автобуска станица што преку мост ќе се спои со улица во Индустриска зона?
Понатаму, до каде е Изградба на нов Булевар „23 Октомври“ покрај Свети Илијски Порој за поврзување на новата населба од поранешната касарна и населбата Суфилар.
Овие комуникациски линии на Струмица треба да значат помош за стопанството и да бидат нов урбан лик на градот. Но, за жал, наместо нови почетоци, сведоци сме на крпење дупки и грешки од минатото. Наместо да се градат темели за нов почеток, овде со земја се потрупуват фонтаните во центарот на градот, за кои порано се потрошени суми на пари од струмичани. Нашиот народ рекол:По утрото денот се познава“, се вели во обраќањето на ВМРО-ДПМНЕ Струмица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…
Струмица на чекор до паметно управување со…
На денешната 22-ра работна конференција на Локалниот…
Срамота: Патриотите си испоседнаа на знамињата, граѓани…
Фејсбук страницата „Кумановска горила“ објави видео од…
Митески да одговори каде се ветените нови…
Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Понижени работници…
За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…