(Видео) Возач на багер во Турција: ИСКОПАВ НАД СТО ТЕЛА, девојче ме молеше да ја најдам нејзината мајка
Дали би се молеле да најдете мртво тело? Ние се молиме. Да го најдеме и некако да го предадеме на семејството на починатиот – објаснува Акин Бозкурт, багерист од турскиот град Кајсери, на околу 250 километри од Кахраманмарас. Тоа е најблиското место до епицентарот на земјотресот што го погоди пред две недели и досега однесе над 50.000 животи.
– Неколку часа по ударот на земјотресот, седнав во багерот и се упатив кон епицентарот. Оттогаш постојано помагам да копам низ урнатините. Не користиме багери каде што се сомневаме дека има живи луѓе, поради што мојата работа е да ги пронајдам мртвите. Ископав над сто тела. Тажно е, но во исто време сум горд бидејќи наоѓањето на телото значи дека можеме да го предадеме тоа тело на семејствата кои потоа барем знаат што се случило со нивните најблиски и им организираат пристоен погреб – вели Бозкурт, кој последните 13 ноќи ги поминал спиејќи во својот багер.
Иако планираше да остане само ден-два, каде и да се појавеше, луѓето буквално го влечеа за ракав и го молеа да им помогне да ги откопаат нивните родители, деца, сопружници…
– Девојче од можеби 8 или 9 години се качи на тркалото на багерот и почна да ми удира во кабината плачејќи. Ме молеше да и помогнам да ги најде мама и тато. Ги најдовме по два дена, но за жал и двајцата беа мртви – вели Бозкурт.
Според исламската традиција, мртвите треба да бидат погребани што е можно поскоро, но илјадници тела се уште лежат под урнатините. Сега има повеќе нови погребни места на сите гробишта отколку на старите.
Видеото погледнете го тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…