(Видео) Вучиќ за Баја: Знаеме дека лицето е застрелано, приказната „нема тело нема дело“ е имбецилна
Телото на Александар Нешковиќ – Баја не е пронајдено, рече предмалку претседателот на Србија Александар Вучиќ. Во врска со неговото исчезнување е уапсен шефот на белградската полиција Веселин Милиќ, кој е отстранет од позицијата и доби 30-дневен притвор.
„Ги молам новинарите да не излегуваат во јавноста со непроверени информации. Неколку медиуми објавија дека е пронајдено телото на убиениот човек. И знаеме дека лицето е застрелано, ништо не може да се скрие со перење на чаршафите или подот, технологијата напредна се појавуваат флуоресцентни траги, ништо не успеале да скријат. Таа приказна „нема тело нема дело“ е имбецилна. И по тоа прашање се однесувавме многу професионално и одговорно, не подлегнувајќи на притисокот од оние кои имаат лични причини да зборуваат лошо за претходниот началник на белградската полиција, рече Вучиќ.
Зборувајќи за настанот што ја вознемири српската јавност во Сењак, тој додаде: „Сè уште не сме го пронашле телото, потрагата е интензивна, цели единици пребаруваат. Мислиме дека ја познаваме областа, а огромен број луѓе се ангажирани“.
Според досега објавеното во српките медиуми, во вторникот на 12 мај годинава, началникот Милиќ повикал двајца криминалци на средба во ресторан, наводно за да ги смири бидејќи тие имале претходни меѓусебни недоразбирања. Но, едниот од нив, пред очите на Милиќ, извадил пиштол, го убил вториот криминалец, а потоа луѓето од обезбедувањето на началникот, помогнале телото да се извади од ресторанот, го запалиле покрај автопат и се ослободиле од снимките од камерите во ресторанот.
Според извори од Министерството за внатрешни работи, Веселин Милиќ на 12 мај договорил средба во ресторан во Сењак за двајца криминалци – Александар Нешовиќ – Баја и Саша Вуковиќ-Боске. Средбата била „за да ги поправат нивните нарушени односи“.
Милиќ наводно го чекал Нешовиќ во ресторанот заедно со Вуковиќ. Кога пристигнал Нешовиќ, набрзо избувнала вербална расправија меѓу двајцата. Саша Вуковиќ испукал неколку куршуми кон Нешовиќ пред очите на Милиќ. Според „Данас“, членовите на обезбедувањето на Милиќ, кои се полицајци, му помогнале на Вуковиќ да го однесе онесвестениот Нешовиќ. Исчезнувањето на Нешовиќ го пријавила неговата сопруга, која изјавила дека тој отишол во ресторанот.
Според „Данас“ двајца од тројцата полицајци што го обезбедувале Веселин Милиќ, заедно со Вуковиќ, го извадиле телото од ресторанот и го фрлиле покрај автопатот кај Шимановац, каде што го запалиле, додека Милиќ и друг полицаец останале во ресторанот за да отстранат траги и видео снимки од безбедносните камери. Уапсен е и келнерот од ресторанот.
По Вучиќ, во врска со инцидентот во Сењак, изјава денеска даде и директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ.
-Во врска со инцидентот во Сењак, распореден е максимален полициски капацитет, од моментот кога лицето е пријавено како исчезнато. Полицијата ги собира и ги обезбедува сите докази од местото на настанот и други точки што ни се сомнителни. Станува збор за сомневање дека се извршени неколку сериозни кривични дела. Полицијата спроведува ефикасна истрага. Нема заштитени лица и нема да има. Тоа ќе го покажеме во акција. Вкупно се приведени 10 лица. Меѓу нив се и четворица полицајци. Во тек е интензивна потрага за пронаоѓање на телото, доколку се докаже и покаже дека лицето е лишено од живот, рече Васиљевиќ.
Тој додаде дека повеќе од 200 припадници на полицијата работат на решавање на овој случај.
-Се надеваме дека во наредните часови ќе имаме повеќе информации за ова. Апелирам и го повторувам она што го кажа претседателот, да почекате додека не добиете информации од Министерството за внатрешни работи или од обвинителството, истакна Васиљевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вучиќ за Баја: Знаеме дека лицето…
Телото на Александар Нешковиќ – Баја не…
ОЈО за убиството во Битола: Извршен е…
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…
Детали за убиството во Битола: Ја нападнал…
Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола…
Меѓу осигурениците на Фондот за здравство во…
Според табелата на српскиот Фонд за здравствено…
Српски државјанин е уапсен во Скопје, осомничен…
Во заедничка акција на српското Министерство за…