Објавено на:

(Видео) Голема акција на Европол, уништен нарко картел одговорен за третина од кокаинот во Европа

t

Полицијата уапсила вкупно 49 осомничени во рациите во Белгија, Франција, Холандија, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати од 8 до 19 ноември, објави агенцијата.

Репресијата на овој „суперкартел“, кој вклучувал „исклучително голема риба“ од Холандија со седиште во Дубаи, главно бил насочен кон кокаинот што доаѓал од Јужна Америка преку пристаништата во Ротердам и Антверпен.

„Шефовите на нарко-организациите, кои Европол ги смета за цели со висока вредност, се собираа за да го формираат она што е познато како суперкартел кој контролираше околу една третина од трговијата со кокаин во Европа“, соопшти Европол.

Размерите на увозот на кокаин во Европа под контрола и команда на осомничениот беше огромен“, се вели во соопштението на Европол, додавајќи дека во текот на истрагата биле запленети повеќе од 30 тони дрога. Операцијата за координација на рациите беше наречена „Пустинска светлина“ и била планирана две години.

Европол објави дека во Дубаи се уапсени двајца осомничени од висок профил поврзани со Франција, двајца со Холандија и уште двајца со Шпанија. Десет лица се уапсени во Белгија, шест во Франција и 13 во Шпанија. Други 14 лица биле уапсени минатата година во Холандија во рамките на истата операција, објави организацијата со седиште во Хаг.

Апсењата се најнови во низата полициски хакирања на софистицирани шифрирани телефони користени од мрежите на организиран криминал минатата година, соопшти Европол.

Телефонската платформа SKY ECC беше затворена од полицијата минатата година, откако долго време тајно се користеше за прислушување на наводно безбедни комуникации меѓу трговците со дрога. Холандските обвинители соопштија дека ќе побараат екстрадиција на осомничените од Обединетите Арапски Емирати.

Еден од осомничените е 37-годишен маж со двојно холандско и мароканско државјанство, кој бил приведен поради наводен увоз на илјадници килограми кокаин во Холандија во 2020 и 2021 година.

„Станува збор за тешки кривични дела поврзани со меѓународната трговија со дрога, главно од Јужна Америка преку пристаништата во Антверпен и Ротердам“, соопшти холандското државно обвинителство. Вториот е 40-годишен маж кој има државјанство на Холандија и БиХ, се наведува.

„Еден од холандските осомничени е екстремно голема риба“, изјави за АФП извор од Европол кој сакал да остане анонимен. Холандските осомничени наводно биле поврзани со Ридуан Таги, кој беше уапсен во Дубаи во 2019 година и сега му се суди во Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жена се породила на улица во…

Жена се породила вчера на улица во…

Кос: Милорад Додик е сепаратист и нема…

Еврокомесарот за проширување Марта Кос во интервју…

Додик пиша „стасав“, ама не се знае…

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик се…

Пронајдена дрога во Кочани, приведени четири лица

На 28.03.2025 околу 15.00 часот во Кочани,…

Пратеници од Европскиот фронт испратија формално писмо…

Пратеничката група на Европски фронт во Собранието…