(Видео) Големо свлечиште во Сицилија – евакуирани најмалку 1.500 жители

t

Најмалку 1.500 луѓе беа евакуирани во градот Нисеми, во јужна Сицилија откако поради силна бура се создаде свлечиште на ридот од градот.

Свлечиштето отвори процеп долг околу четири километри, кој продолжува да се шири и се заканува да ги зафати најранливите делови од населбата.

Градоначалникот, Масимилијано Конти, рече дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи дел од наклонот целосно попуштил, оставајќи бројни куќи опасно надвиснати над работ на карпата. Како што објавува Гардијан, првите знаци на поместување на земјата беа забележани во неделата, но свлечиштето набрзо се претвори во широк фронт што се протега на километри.

Постои сериозен страв дека свлечиштето би можело да го проголта историското јадро на градот. „Ова е драматично свлечиште“, рече Конти во видео обраќање објавено на социјалните мрежи, апелирајќи до граѓаните надвор од оградените зони да останат во своите домови и да не преземаат непотребни ризици.

Властите предупредија дека жителите на градот ќе мора да најдат долгорочни алтернативи за живеење бидејќи земјиштето натопено со вода е премногу нестабилно за да се вратат назад.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони денеска беше во обиколка на градот и разговараше со засегнатите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големо свлечиште во Сицилија – евакуирани…

Најмалку 1.500 луѓе беа евакуирани во градот…

Големо свлечиште во Железара!

Жители на скопската населба Железара во изминатиов…

Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот…

На Водно има загрозени објекти и проблемот…

Свлечиште во Шипковица – четири куќи во…

Свлечиштето во селото Шипковица, Тетово, загрозува четири…

Четири куќи се директно загрозени! Свлечиште во…

Поради обилните врнежи на дожд кои го…