(Видео) Голем пожар во населба Лисиче: Изгореа три куќи!

t

Голем пожар ја зафати скопската населба Лисиче доцна вечерва. Пожарот се случил на адреса Ѓорѓе Андреевиќ во населбата, а започнал во една од бараките.

Според неофицијалните информации од очевидци две куќи се целосно изгорени, а една е делумно зафатена но гаснењето на пожарот е отежнато поради азбестните плочи кои се дел од кровната конструкција.

Пожарот неофицијално започнал од пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните две бараки.

Според нашите информации има и повредени лица од кои потешко повредено е повредено лицето во чиј дом започнал пожарот.

Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар во населба Лисиче: Изгореа…

Голем пожар ја зафати скопската населба Лисиче…

Украински пратеник: Само заедничка литургија во Москва,…

Пратеникот на Врховната рада на Украина, Артем…

Иран издаде фатва: „Крвта и богатството на…

Повеќе од 2.000 ирански свештеници, вклучувајќи неколку…

Вучиќ најави апсење на Томислав Момировиќ: „Постојано…

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за…

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата…

Можни се годишни, место неделни или месечни…