(Видео) Граѓаните бараат да се укинат патните трошоци на пратениците: Ако можеме ние со 10.000 да живееме, можат и тие со 100.000!

t

За 11 месеци 73 пратеници земале 360.000 евра, односно околу 21.960.000 (дваесет и еден милион деветстотини и шеесет илјади) денари. Пратениците се од сите политички партии, освен од Левица, чии пратеници не пријавиле патни трошоци.

Сумата е астрономска, особено ако се земе предвид дека Собранието во 2022 година работело само 88 денови, а одржале точно 50 седници, како што покажуваат собраниските извештаи за минатата година.

Пратеничката група на СДСМ “лапнала” 133.000 евра, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ 132.000 евра, останатата сума ја делат останатите пратенички групи, пред се албанските политички партии.

Групите се едно, а поединците од групите сосема друго. Пратеници земале патни трошоци како секој ден да ја обиколуваат Македонија.

Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ дневно во просек добивал по 3.550 денари за да патува на релација Струга – Скопје. Јадранка Поцкова во просек добивала 3468 денари дневно.

Сурија Рашиди од Алијанса, дневно во просек добивал по 3254 денари за релацијата како и неговиот колега Аџиоски.

Љубица Спасова од СДСМ е дневно заработувала по 3100 денари за патувањата од Струмица кон Скопје.

Арбана Пашоли од Дебар, пратеничка на ДУИ добивала 1889 денари дневно.

Велешките пратеници Ненад Коциќ и Игор Здравковски не се исклучок од таа пракса и на име на патни трошоци за месеците од јануари до август 2022 година, од буџетот имаат искеширано 309.143денари(Коциќ 158.917 , Здравковски 150.226)

Во изминатите 11 месеци, и покрај тоа што во имотниот лист навела дека има два стана во Скопје, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска од Битола наплатила 550.000 денари (околу 9.000 евра) за патни трошоци од Собранието.

Другата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Силвана Ангелевска од истата партија наплатила 327,840 илјади денари за неколку месеци.

Пратеничките од Гевгелија, Ангелинка Петкова и Марија Костадинова за осум месеци наплатиле 474 573 денари, Петкова наплатила 356 716 денари, Костадинова 356 716 денари.

Платата на пратениците изнесува над 100.000 денари, без пресметан стаж. Ниту една автобуска повратна карта во Македонија не е над 1.000 денари, ниту една повратна карта за со воз за градовите каде може да се патува со ова превозно средство не е поскапа од 600 денари. Пратениците, доколку во тие 88 работни денови користеле автобус секој би потрошил најмногу 88.000 денари за автобуски карти, доколку се возеле со воз би потрошиле 52.800 денари. Толку трошат луѓе кои секојдневно патуваат поради било какви обврски до Скопје, а земаат далеку помали плати од пратениците.

Ги прашавме граѓаните што мислат, дали треба да се укинат патните трошоци за пратениците. Анкетата може да ја погледнете во продолжение:

Граѓаните сметаат дека патните трошоци треба да бидат целосно укинати поради и онака високите примања кои ги имаат. Дел од нив, како што кажаа и испитаниците имаат станови во Скопје, а опција која ја понудија граѓаните е и изнајмување на стан во Скопје, што секако ќе ги чини помалку од сумата која ја земаат моментално.

Еден дел од граѓаните ни одговорија дека според нив патните трошоци не треба да се укинат, но во тој случај мора да се најде начин да се намалат астрономските суми и да се прилагодат на вистинските цени за патувањето.

Денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, ги бранеше пратениците, односно ги правдаше сумите кои можевте да ги прочитате погоре.

– „Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков, правдајќи ги парите од патните трошоци за пратениците.

Адвокатот Драган Пешевски, пак, има сосема друго мислење. Според него кај пратениците кои имале станови во Скопје, а земале патни трошоци има елементи за евентуално сторено кривично дело “злоупотреба во службата”.

– И тоа како сметам дека кај пратениците кој земале патни трошкови, а имаат станови во Скопје има елементи за евентуално сторено кривично дело “злоупотреба во службата” по член 353в од КЗ (посебно иритира коа ќе видиме дека и во обавувањето на таа служба ништо не направиле како и дека живееме во економска криза и сиромаштија од епски размери), па ги повикувам да го отстранат сомнежот и средствата ги вратат во буџетот!!! – вели Пешевски.

Сумата потрошена за патните трошоци, која изнесува речиси 22 милиони денари, можела да се искористи за покорисни работи, лекови за болни, средства за операции на лица кои собираат пари со СМС пораки, храна за бездомни лица или помош за социјално загрозени семејства, таблети, лаптопи, прибор за ученици… Многу можности ама некој треба да се сети дека тоа што граѓаните му дале доверба не значи дека му дале право максимално да ги искористува сите можни ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…