(Видео) Димитриоски емотивно за ДНК: Најверните пријатели, едни од ретките познати лица со убава енергија
Жаре Димитриоски од „Еден на еден“ преку видео порака си ја отвори душата за, како што вели, најверните пријатели на неговата емисија, Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев Панчо од Групата ДНК.
Видеото носи наслов „Наместо последен поздрав 🖤🤍 Со љубов од цела екипа на Еден на Еден“.
Димитриоски вели дека еден лош збор не си кажале, а тие биле токму едни од ретките познати лица кои се такви.
„Се молам за закрепнување на Панчо, нека му даде Господ сила да застане на нозе, не сфатливо голем камен е врз него и дај Боже да има енергија да го износи. За Андреј не ми се верува дека треба да кажам беше, но Андреј беше човек со големо срце, насмевка, фин хумор често на своја сметка, и многу убава енергија.“, вели Димитриоски.
Инаку, фронтменот на ДНК, Андреј е еден од загинатите во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Владимир Блажев попознат како Панчо, пратеничкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од групата кои го преживеаа пожарот.
Во продолжение целото видео:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…