Објавено на:

(Видео) Дожд од игуани: Во Флорида е толку студено што игуани паѓаат од дрвја

t

Американските метеоролози ги предупредија жителите на Флорида дека неподвижни игуани паѓаат од дрвја поради невообичаено студеното време во регионот.

„Игуаните се ладнокрвни животни и успоруваат или стануваат неподвижни кога температурите паѓаат под десет Целзиусови степени. Тие можат да паднат од дрвјата, но не се мртви“, соопшти Националната метеоролошка служба на САД.

Во јужна Флорида вчераутро биле измерени -3,9 степени.

„Телата на игуаните се исклучуваат до степен што ги губат функциите. Тие спијат на гранките и ако стане многу студено, ја губат способноста да висат и често паѓаат од дрвјата. Повеќето од нив ќе го преживеат периодот на неподвижност, но смрзнувачките температури се голема опасност за нив зашто нивното природно живеалиште се Средна и Јужна Америка блиску до екваторот, каде што постојано е топло“, појасни зоологот Стејси Коен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…