(Видео) Досудена е казна затвор под минималната: Блиските во солзи на протест пред Кривичен – бараат правда за својата ќерка

t

Утринава пред Кривичниот суд во Скопје се организира протест „Правда за Викторија“. Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден.

Во креираниот настан на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека „Викторија и Леонид не добија пресуда која е правична и праведна“.

Немаме владение на правото, немаме спокој на душите. Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10 до 11 ч. Ве повикувам пред Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата, стои во повикот објавен на Фејсбук.

Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж нападнал полицаец, жена попречувала да го…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(28)…

Тажно… Пожарот на Галичица од Љубаништа

Ситуацијата на Галичица е повеќе од загрижувачка,…

Силно невреме ги погоди Црна Гора и…

Делови од Црна Гора и Хрватска денеска…

Косово одби да ѝ достави на Србија…

Министерството за правда на Косово соопшти вечерва…

(Фото) Страшни слики од Галичица: Пожарот е…

Пожарот на Галичица се уште е надвор…