(Видео) Драма по пукањето: Вдовицата на Чарли Кирк евакуирана во шок
Меѓу гостите кои синоќа преживеаја драматични сцени за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“ била и Ерика Кирк, вдовица на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк.
Таа била евакуирана веднаш по инцидентот, откако осомничениот Кол Томас Ален отворил оган во предворјето на хотелот. Снимки што се шират на социјалните мрежи ја прикажуваат во видно потресена состојба додека обезбедувањето ја извлекува од објектот.
„Само сакам да си одам дома“, повторувала Кирк додека била насочувана кон излезот.
Нејзиниот покоен сопруг Чарли Кирк беше еден од највлијателните гласови на современата американска десница и коосновач на Turning Point USA. Преку оваа организација, тој изгради широка мрежа насочена кон мобилизација на младите конзервативни гласачи, со значајно влијание врз трансформацијата на Републиканската партија.
Кирк имаше клучна улога во теренската организација на политичките кампањи поврзани со Доналд Трамп, особено во ангажирањето на младата генерација гласачи и засилување на движењето познато како МАГА.
Неговата смрт остави празнина во комуникацијата меѓу Белата куќа и младите поддржувачи, додека Ерика Кирк продолжи активно да учествува во организацијата и да одржува блиски врски со политичкиот врв.
Семејството Кирк имало и директни врски со потпретседателот Џеј-Ди Венс, чија политичка кариера, според аналитичарите, била поддржана и промовирана од Чарли Кирк уште во раните фази.
Инцидентот во Вашингтон повторно го отвори прашањето за безбедноста на високите политички настани, особено кога меѓу присутните има лица со директни врски до највисоките државни функционери.
A crying Erika Kirk being evacuated moments after shooting.
She can be heard saying:
“I just want to go home” pic.twitter.com/l0A0C1rfsk
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 26, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Драма по пукањето: Вдовицата на Чарли…
Меѓу гостите кои синоќа преживеаја драматични сцени…
(Видео) Тоа беше е**но лудо, масите се…
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, го опиша…
Агентот ранет на вечерата со Трамп пуштен…
Агент на американската Тајна служба, кој беше…
Осомничениот за пукањето на вечерата на Белата…
Осомничениот за пукањето кај вечерата на дописниците…
(Видео) Пукање на вечерата на Трамп со…
Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата…