Објавено на:

(Видео) Дрон се урна во руско одморалиште во близина на палатата на Путин, има мртви и ранети

t

Три лица загинаа, а 13 други се повредени во напад со беспилотно летало врз рускиот град Геленџик во Краснодарскиот крај, соопштија регионалните власти.

Гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратиев, изјави дека три лица загинале во населбата Архипо-Осиповка откако паднале остатоци од беспилотно летало. Меѓу повредените има деца, а сите добиваат медицинска помош.

Според руските власти, целта на нападот била цивилната инфраструктура. Службите за итни случаи и специјалните служби реагираат на местата на ударот, додека локалните власти добиле инструкции да им обезбедат помош на повредените и семејствата на починатите, објави РИА.

Местото на падот на беспилотното летало се наоѓа на околу дваесет километри од луксузен комплекс во близина на Геленџик, кој со години е поврзан со рускиот претседател Владимир Путин.

Имотот, за кој се проценува дека вреди повеќе од милијарда евра, се најде во центарот на вниманието во 2010 година по тврдењата на информаторот Сергеј Колесников. Путин ги негираше обвинувањата дека тој е сопственик, додека Кремљ објави дека станува збор за приватен проект во сопственост на бизнисмени чиј идентитет не е откриен.

Руските медиуми, исто така, објавија дека еден ден претходно дрон се урнал во близина на детско игралиште во селото Принцевка во регионот Белгород.

Во нападот загинало 13-годишно девојче, додека две девојчиња, на возраст од седум и девет години, биле повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дрон се урна во руско одморалиште…

Три лица загинаа, а 13 други се…

Потврдени 236.066 загинати руски војници во Украина,…

Рускиот независен медиум Mediazona и рускиот сервис…

Клучен логистички комплекс на рускиот „Вајлдберис“ е…

Денес, украински беспилотни летала нападнаа уште еден…

Украина погоди цели длабоко во Русија, дронови…

Најмалку осум луѓе се убиени во напади…

Познато е колку чини минералот пронајден во…

Научниците пронајдоа претходно непознат минерал во Русија,…