Објавено на:

(Видео) Дрска кражба среде бел ден во Лондон: Минувачите во шок!

t

Снимка од кражба во Лондон, во населбата Ричмонд, за кусо време стана вирална на социјалните мрежи. Двајца маскирани мажи во саботата претпладне, пред очите на шокирани минувачи, со чекан го скршиле излогот на семејна златара и однеле вреден накит.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот. На видеото се гледа како еден од маскираните напаѓачи со голем чекан ѝ приоѓа на златарата „Gregory & Co“, додека неговиот соучесник стои на готовс со торба. Наскоро улицата одекнувала од силни удари додека крадецот удирал по излогот.

Повеќето сведоци останале вчудовидени и не реагирале, додека најмалку едно лице прибрано го снимало целиот настан со мобилен телефон. Еден очевидец за The Daily Mail изјавил дека напаѓачите „се појавиле од никаде со чекан и торба и веднаш почнале да го кршат прозорецот“.

Иако ламинираното безбедносно стакло кратко време пружило отпор, крадецот со фантомка ги насочувал ударите во една точка сè додека стаклото не попуштило. Потоа неговиот соучесник се нафрлил на пленот, брзо ставајќи го накитот во подготвената сина торба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дрска кражба среде бел ден во…

Снимка од кражба во Лондон, во населбата…

Од денеска полициските камери почнуваат со казни…

Камерите на безбеден град од денеска ги…

Вучиќ се произнесе за аферата со дрога…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментираше на…

Мицкоски: Прагот на толеранција за брзо возење…

Премиерот Христијан Мицкоски на првиот ден од…

Република српска веднаш ќе ја признаат најмалку…

Милорад Додик денеска повтори дека неговата цел…