Објавено на:

(Видео) Забранетото видео од Азовстал: Изјава на евакуирана од „Азовстал“, oва е вистината за „храбрите“ борци на Азов

t

Германското онлајн издаени Spiegel го отстранило од својата страница видеото од украинскиот јужен град Мариупол под наслов „Мислев дека нема да преживеам“ со сведочење на украинската државјанка Наталија Усманова, која била евакуирана од руските војски од утврдениот металуршки комбинат „Азовстал“, последното упориште на укранските борци на југот од земјата, појаснувајќи дека материјалот на агенцијата Reuters има „подоцна идентификувани недоследности во содржината“ и најавувајќи објавување „нови податоци“.

„Сѐ уште сме во процес на разјаснување на ова прашање (за недоследност во содржината – з.р.). Како што е најавено, ќе објавиме нови податоци на веб-страницата“, изјавиле во петокот за руската агенција РИА од службата за односи со јавноста на германскиот издавач Spiegel.

Притоа не дале појаснување за какви недоследности во објавениот видео материјал станува збор.

Наместо видеото, на веб-страницата сега е поставена фотографија од Усманова во автобусот со кој таа и другите евакурини од територијата на челичарницата „Азовстал“ каде што борците на злогласниот укрански баталјон „Азов“ кои за Москва се припадници на неонацистичките движења, биле превезени до селото Безименое, крај Мариупол. Агенцијата РИА пишува дека фотографијата од истиот момент ја направил нејзиниот репортер на 1-ви мај.

Според германскиот левичарски весник Junge Welt, избришаното видео била триминутна снимка на изјавата на Усманова. На веб-страницата на британската агенција Reuters е поставено видеото во коешто жената одговара на новинарски прашања, но е достапна само едноминуната снимка. Во неа се содржи кажувањето за интензититот на бомбардирањето и тешките услови за престој во бункерот, колку што е наведено и во описот на прилогот.

Но разговорот на Усманова со новинарите било снимено и од дописници на други медиуми, меѓу кои и од репортерот на РИА. Агенцијата пишува дека жената конкретно кажала дека украинските борци не им рекле ништо на цивилите за отворањето на хуманитарните коридори, туку дека луѓето за тоа дознале од радио, како и дека не им дозволувале на ние коишто сакале да излезат од подфабричките коридори.

Покрај тоа, жената рекла дека „по сѐ Украина за неа престанала да постои како држава“. Така, изјавата на Усманова, пишува РИА, ги побива западните медиум дека Русија наводно ја попречува евакуацијата на цивилите од фабричкиот комплекс.

Други водео-материјали снимени од повеќе медиуми од истата локација укажуваат дека станува збор за истиот ден и истото место, како и за истата комунијација со новинарите. Видеото во светските медиуми беше објавено на 2-ри мај, вклучително и на веб-страницата на Spiegel.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството од изгорениот автомобил кај Гевгелија се…

Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија…

Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани…

За таа цел во воздухопловната база во…

Во хотел во Битола пронајден починат маж

На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР…

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…

За кратко време исчезнато уште едно возрасно…

Британија ќе формира специјална полициска единица за…

Британската влада ќе формира специјална полициска единица…