(Видео) Заврши распитот на Артан Груби: Вечерва е спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка
Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во Обвинителството.
Заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, Груби беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.
Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.
Истрагата за „Државна лотарија“, како што соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена и се чекаше екстрадицијата на Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Заврши распитот на Артан Груби: Вечерва…
Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби…
Центар го држи рекордот со највисока кирија…
Во втората половина од 2025 година биле…
(Видео) Голем број американски воени транспортери се…
Во последните неколку часа повеќе американски воени…
„Тим билдингот“ за владини административци „тежок“ 80…
Ќе има или не тим билдинг за…
Ако Доналд Трамп изврши напади врз Иран,…
Ирански пратеник предупреди дека Иран би можел…