Објавено на:

(Видео) Запален првиот австралиски парламент: Демонстрантите извикувале „Нека изгори!“

t

Подметнат пожар денеска ја оштети влезната врата на Стариот парламент во Канбера, позната како Привремена парламентарна куќа, која беше седиште на австралискиот парламент од 1927 до 1988 година.

Иако не е сосема јасно кој го подметнал пожарот, сигурно е дека мала група демонстранти се собрала пред зградата, а еден очевидец за радиото „3AW“ во Мелбурн изјавил дека слушнал демонстранти како извикувале „нека изгори“, пренесе АП.

Пред таа зграда со денови се протестира за правата на Абориџините, австралиското домородно население.

На социјалните мрежи може да се забележи како огнот ја „голта“ вратата, како и густиот облик на чад кој лебди над зградата, додека полицијата ги брка демонстрантите собрани пред скалите.

Вицепремиерот Барнаби Џојс вели дека „апсолутен срам“ е што пожарот бил намерно подметнат.

„Овој парламент одамна е симбол на демократијата, таму се носеа одлуки кои ја формираа нашата нација“ – рече тој.

Видеото може да го погледнете тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во…

Во знак на сочувство и сеќавање на…

(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…

Жесток хаос во моментов владее во Собранието…

Вандали нацртале кукасти крстови на синагога во…

Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога…

Кралот Чарлс нема да се противи доколку…

Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека нема…

Лидерите на САД, Индија, Јапонија и Австралија…

Американскиот претседател Џозеф Бајден и премиерите на…