(Видео) За прв пат по четири години повторно ѕвонеше познатиот Биг Бен

Познатата лондонска кула со часовник, Биг Бен, повторно почнал да ѕвони за Нова Година.
Кулата гледа кон реката Темза, а последен пат заѕвонил во 2017 година. Името се користи за целата кула, но всушност се однесува на најголемото ѕвоно во неа.
За Нова година заѕвони напладне, во 16, 21, 22 и 23 часот, a ќе заѕвони и на полноќ. Среќните минувачи можеле да го слушнат неговото ѕвонење за време на пробите на 29 и 30 декември.
Пред да одлучат да го поправат, Биг Бен последен пат заѕвонил на 21 август 2017 година. Оттогаш се одвива неговото чистење, кое вклучуваше расклопување на речиси илјада делови, пренесува CNN. Поправката на часовникот чинела 79,7 милиони фунти.
Вака изгледаше кога последен пат заѕвони пред четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамас истрелал десетина ракети во Израел, повеќето…
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала…
Торнада погодија неколку американски држави, загинаа најмалку…
Торнада и поплави предизвикаа хаос во неколку…
Три лица претепале и ограбиле скопјанец во…
На 05.04.2025 во 21.40 часот во СВР…
Британскиот премиер Стармер: „Светот каков што знаевме…
Светскиот поредок создаден во последните години повеќе…
Вучиќ: Секоја одлука за апсење на Додик…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва и…