(Видео) За прв пат по четири години повторно ѕвонеше познатиот Биг Бен
Познатата лондонска кула со часовник, Биг Бен, повторно почнал да ѕвони за Нова Година.
Кулата гледа кон реката Темза, а последен пат заѕвонил во 2017 година. Името се користи за целата кула, но всушност се однесува на најголемото ѕвоно во неа.
За Нова година заѕвони напладне, во 16, 21, 22 и 23 часот, a ќе заѕвони и на полноќ. Среќните минувачи можеле да го слушнат неговото ѕвонење за време на пробите на 29 и 30 декември.
Пред да одлучат да го поправат, Биг Бен последен пат заѕвонил на 21 август 2017 година. Оттогаш се одвива неговото чистење, кое вклучуваше расклопување на речиси илјада делови, пренесува CNN. Поправката на часовникот чинела 79,7 милиони фунти.
Вака изгледаше кога последен пат заѕвони пред четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…
Без струја делови на Кисела Вода
Без електрична енергија денеска од 9 до…
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…
Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…
Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Златото руши рекорди, грам денес се продава…
Крајот на годината носи и рекордни цени…