(Видео) За Ѓоковиќ протести и судири со полицијата пред хотелот каде е сместен – двајца се приведени

Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот за да постават транспарент за „ослободување“ на сите „приведени“ во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапсила, што предизвикало револт кај другите насобрани на протестите.
Срѓан, таткото на српскиот тенисер, ги повика граѓаните на Србија во 15 часот да протестираат пред Собранието за поддршка на најдобриот тенисер во светот.
Голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ, а како што објавуваат тамошните медиуми на улиците во градот се забележани крајно бизарни сцени.
Поради тензиите кои се создадоа откако на светскиот тенисер број еден не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“, а тој одлуката по неговата жалба ја чека во хотел, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.
Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот за да постават транспарент за „ослободување“ на сите „приведени“ во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапсила, што предизвикало револт кај другите насобрани.
Пред ова, имало инцидент на фановите на Ѓоковиќ со други луѓе кои се собрале да го изразат својот протест против односот на австралиските власти кон бегалците.
> Видеото може да го погледнете тука. и ТУКА <
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во…
Во знак на сочувство и сеќавање на…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…
Европската комисија бара извештаи за нападите на…
Обвинителството во Белград во изминативе неколку дена…
Вандали нацртале кукасти крстови на синагога во…
Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога…