(Видео) Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери објавија еко химна

Познатите шоумени Весна Петрушевска и Игор Џамбазов ја промовираа еколошката химна онлајн на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина.
– „Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат кога ќе ве изнервира граѓанската негрижа и ќе ве потсети дека промените можат да дојдат и од нас преку мали чекори во секојдневието. Певлива но во исто време и до коска реална која целосно го отсликува ниското ниво на еколошка свест во државава.- велат од КМК Продукција.
Спотот е реализиран од страна на КМК Продукција, сниман на локација на кејот на реката Вардар и на кровот од зградата на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп кои се и нивни поддржувачи. Децата од спотот искрено ја пренесуваат пораката се ученици од Актерскатa школа на Весна Петрушевска, кои заедно со нивните идни носители на еко промена во земјава се нивните поголеми другари – учениците од СУГС „Орце Николов“.
– Време е за еко промени! – додаваат од КМК продукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија…
Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски…
Лавров на прашање на Инфомакс: Се чувствувам…
Инфомакс успеа да постави прашање до Лавров…
Њујорк Тајмс: Израел го знаел планот за…
Палестинските милитанти го следеа планот „со шокантна…
Местење тендери на друго ниво: Сменет висок…
Висок парагвајски функционер е сменет бидејќи потпишал…
Девојка во Шведска обвини таксист за силување,…
Четири тинејџери, од кои тројца браќа и…