(Видео) Извадени списоци – ДС сѐ уште се соучесници и покритие на kpиминалиите на СДСМ и ДУИ
Ова овде и ова зад мене се дел од списоците доставени од укажувач, на коишто јасно се гледа дека стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Возилата на листите се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, кој што се доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје. Инаку, и тој дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Почитувани, јасно е дека ова се списоци коишто укажуваат дека Демократскиот сојуз е во власта и е сателит на СДСМ за да може врз грбот на народот да ползува бенефиции. Во спротивно овие тројца кој што ги набројав, Јакимовски, Кроневски, како и Јовановски сами имаат околу 400 возила кои што ги пријавиле за неплаќање паркинг, речиси на сите зони во Скопје. А, до нив има имиња на други луѓе како и опис на автомобилите. Да речеме стои името, регистарска табличка и име на Мартин Попов, актуелен шеф на кабинет во владата на премиерот. Тука е и поранешниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тука, до името на Владимир Кроневски е и Душко Весковски, доскорешен директор на Водовод во Скопје и да не ги редам други, вели Стоилковски.
Тој додава дека значи станува збор за најмалку 400 возила и според бројот на регистрициите, може да се направи една споредба дека станува збор за цела една катна гаража, да речеме, „Македонска Фаланга“ тука кај цветен пазар, да е резервирана бесплатно за повластени лица, според овие списоци кои што беа доставени од укажувач.
-Математиката според ценовникот на катните гаражи, би рекол, за четири години повластените потрошиле или, всушност заштедиле над два милиони евра за паркирање низ Скопје. Толку чини годишна карта за 400 возила, за четири години во катните гаражи во Скопје. Денеска, почитувани, нема да го ширам оној список на којшто и денеска ги набројав дел од оние кои што вчера ги споменав, како Душко Весковски и како актуелниот шеф на кабинет, Мартин Попов или како Златко Марин и други, бидејќи списокот е преобемен. Списокот со регистарски таблички е уште поголем. Ова не се паушални обвинувања, туку јасни насоки кон тоа зошто Демократскиот сојуз се уште е соучесник и е покритие за криминалот на власта. Ги повикувам сите заинтересирани медиуми и новинари, доколку имаат порив и интересирање за истражувачка сторија, да дојдат да ги погледнат списоците како вовед во една нова истражувачка сторија за тоа кој се можел да паркира каде сака во Скопје, додека сите останати мораат да плаќаат, вели Стоилковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…