(Видео) Имиграциски агент уби возач во Минеаполис – инцидентот предизвика хаос во градот
Американски имиграциски агент во средата застрелал и усмртил возач во Минеаполис, во услови на засилена акција за спроведување на имиграциските закони, објави „Ројтерс“.
Ова е најновиот насилен инцидент за време на националната акција на претседателот Доналд Трамп против мигрантите.
По пукањето, на улиците во близина на местото на настанот излегоа демонстранти, од кои дел биле пречекани од тешко вооружени федерални агенти со гас-маски, кои фрлиле солзавец врз насобраните граѓани.
BREAKING: ICE shoots a woman in Minneapolis. Just yesterday, 2,000 agents flooded the city.
A witness on the scene told press CPR was performed on the woman, but the ambulance drove away w/o sirens and she wasn't rushed to emergency. Sources are now reporting the woman has died. pic.twitter.com/WZSFka26Vr
— BreakThrough News (@BTnewsroom) January 7, 2026
Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност на САД, Триша Меклафлин, во објава на платформата „Икс“ соопшти дека службеник на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) отворил оган откако „насилен изгредник“ се обидел со возило да прегази службеници на службата.
„Наводниот сторител бил погоден и починал,“ напиша таа, додавајќи дека повредените агенти се очекува целосно да закрепнат.
„Ројтерс“ не можеше веднаш независно да ги потврди деталите за тоа како точно се одвивал инцидентот.
Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ја обвини администрацијата на Трамп за зголемување на тензиите околу имиграциското спроведување, во објава на „Икс“.
„Присуството на федерални имиграциски агенти создава хаос во нашиот град. До Службата за имиграција и царина: еб*но изгубете се од Минеаполис. Цврсто стоиме со нашите имигрантски и бегалски заедници“, напиша Фреј кој е демократ.
Mayor Jacob Frey: I have a message for ICE, get the fuck out of Minneapolis. pic.twitter.com/62JLyuf6kQ
— Blue Georgia (@BlueATLGeorgia) January 7, 2026
Трамп во текот на својата прва година од мандатот распореди федерални имиграциски агенти во градови управувани од демократи низ САД, што предизвика негативни реакции кај дел од жителите.
Во последните недели, агенти беа испратени и во Минеаполис, по обвинувања за измама поврзани со сомалиски имигранти, кои Трамп претходно ги нарече „ѓубре“.
На местото на пукањето бил забележан темно обоен теренец со дупка од куршум на предното стакло и крв на потпирачот за глава, кој се забил во столб на заснежената улица. На терен бил присутен и командантот на американската Гранична патрола, Грегори Бовино, кој претходно раководел со слични акции во Чикаго, Шарлот и во Њу Орлеанс.
Венус де Марс, 65-годишна жителка на Минеаполис која живее во близина, изјави дека видела како медицински екипи вршат реанимација врз жена која лежела покрај снежен нанос во близина на удреното возило. Набргу потоа, жената била пренесена во амбулантно возило кое се оддалечило без вклучени сирени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Имиграциски агент уби возач во Минеаполис…
Американски имиграциски агент во средата застрелал и…
Газдата на „Дурмо турс“ се пријави во…
Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули,…
„Тишината зборува погласно“: Кочани го откажа „Маршот…
Градот кој ја носи лузната на сопствената…
ПРЕСЕК НА ЦУК ДО 21 ЧАСОТ: Евакуирани…
Македонија вечерва се бори со последиците од…
Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон…
Од Центарот за управување со кризи велат…