(Видео) Индискиот пpoтокол: Еве што добива секој зapaзен од кopoна во Индија – каде погреши Македонија?

t

Кога коронавирусот се појави во Индија целиот свет очекуваше да се реализира најлошото можно сценарио бидејќи станува збор за густо населена држава во која условите за живот се во најмала рака тешки.

И токму тоа се случи, гледавме како илјадници тела на починати се спалуваат на паркинзи на болниците, гледавме луѓе во кревети, но и по улица покриени со бели чаршави, но како што се појави така и згасна набрзо потоа пандемијата во Индија.

Што се случи?

Мораме да напоменеме дека после Кина, Индија е втората држава во светот по бројот на жители со претпоставка за бројот на жители од 2018 година од околу 1,3 милијарди жители.

И покрај сите фактори кои требаше да направат да е невозможно Индија да се справи со пандемијата, според официјалните податоци кои се евидентирани на Worldometer, Индија е на 130-тото место во светот по смртни случаи на милион жители!

Koлку за споредба во апсолутни бројќи само САД е пред Индија во бројот на смртни случаи, но со четири пати помал број на жители од Индија.

И покрај помалиот број на жители во САД, Америка има 800 илјади смртни случаи наспроти Индија која има 400 илјади смртни случаи од коронавирусот.

Полека, но сигурно доаѓаме до заклучокот. Индија со далеку полош здравствен систем подобро се справи со пандемијата од повеќе од 129 држави во светот меѓу кои за жал и Македонија.

Да Македонија е на шесто место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители. Пред нас се само 5 држави, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Перу.

Има само едно нешто кое Индија го прави поинаку од Македонија, а тоа се познатите корона пакети.

Со секој позитивен тест на коронавирус во Индија добивате пакет со се што ви е потребно според тамошните власти да го поразите коронавирусот.

Koлку за пример ќе земеме државата Утар Прадеш во Индија која самата има популација од повеќе од 203 милиони жители.

По позитивен тест државата ви дава пакет кој содржи: Ивермектин 12 мг – 10 талбети , Доксициклин 100 мг – 10 таблети, Витамин Д – 2 пакетчиња, Витамин Ц 30 таблети, Витамин Б, Цинк 30 таблети, Парацематол 15 таблети, термоментар и пулс оксиметар. Сето ова државата ја чини нешто околу 2.65 долари. 90 проценти од луѓето успешно се третирале дома со овој пакет, а само за 10 проценти од луѓето заразени со коронавирусот била потребна натамошна хоспитализација.

Покрај очигледно успешниот третман, во Утар Прадеш е спроведено лимитрано тестирање поради огромната популација, но истото било таргетирано на ризични групи, приоритетна била рана детекција, одлично биле следени контактите за што постоело и огромно искуство поради епидемијата со ХИВ вирусот, била практикувана изолација и како што претходно напоменавме сите позитивни добиле вакви пакети за рано третирање.

Како лесни случаи биле класифицирани оние случаи во кои сатурацијата со кислород во крвта е до 94 проценти, средно тешки случаи биле карактеризирани оние кај кои сатурацијата е од 90 до 94 проценти. Индикатор за хоспитализација била сатурација со кислород под 90 проценти, а Индијците сами го следеле нивото на кислород во крвта користејќи ги пулс оксиметрите кои им ги поделила Владата.

Професорот по микробиологија, Никола Пановски голем број патипредупредуваше дека Македонија е неуспешна во лекувањето на Ковид 19 бидејќи нема проткол за лекување, а ако има тој не се применува.

-Мене ми го прати протоколот д-р Докиќ лани во ноември. Сега секоја болница има свој протокол. Д-р Докиќ вели дека смртноста во нивниот ковид центар е 25%, тогаш смртноста кај другите кој знае колкава е за да се дојде до 50%. Матичните лекари треба да престанат да даваат антибиотици со причина да не се спуштело на бели дробови. Мора да има образложение за примена на лек, а лекови на своја рака треба да се платат приватно и одговорноста е кај пациентот, предупредуваше д-р Пановски.

На четврти декември 2021 година, Вистиномер објави дека од јануари 2021 лекот „Ивермектин“ стаса во Македонија, а во државата беше донесен со интервентен увоз. На 12 јануари од Министерството за здравство ја информираа јавноста дека лекот „Ивермектин“ е достапен за граѓаните во аптеките по цена од 299 денари.

Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на „Ивермектин“ кај пациенти со ковид-19 се во тек и/или нивните крајни резултати сè уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека „Ивермектин“ има поволен ефект во профилакса на ковид-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика, соппштија од Министерството за здравство.

Ваквите заклучоци на министерство за здравство се во насока со сите научни истражувања според кои Ивермектинот е со исклучително дејство во раните стадиуми на болеста и спречува од натамошна компликација.

За работите да бидат уште поинтересни Адвокатската комора на Индија ја тужеше Сумија Сваминанатан, главен научник на СЗО, Бидејќи таа се противеше на употребата на Ивермектин.

Дали пандемијата во Македонија ќе се одвиваше поинаку доколку се користеше индискиот протокол сега не може да знаеме, но дали работите ќе одат на подобро доколку почнеме да го користиме истиот, податоците и статистиката го велат тоа.

Видеото подоле е од Џон Л. Кембел британски Јутјубер, пензиониран едукатор за медицински сестри и автор на учебници за медицински сестри, кој објави голем број на широко пгледани видеа на YouTube на неговиот канал коментирајќи ја пандемијата Ковид-19. Во август 2020 година, каналот на Кембел беше наведен од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија како добар пример за експертски ангажман со социјалните медиуми. До септември 2020 година, неговите видеа биле прегледани повеќе од 50 милиони пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…